Клиника

Објавил: Калина Мартинска | 11 март, 2025 15:29

Извршени две трансплантации, кај пациенти на 13 и 35 години

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Под водство на проф. д-р Зоран Божиновски и стручен медицински тим, успешно беа извршени две трансплантации во областа на ортопедијата – реконструкција на деформитет на стапало кај 13-годишен пациент и реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено кај 35-годишен пациент.

Првата интервенција беше спроведена од тим составен од д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, анестезиолог д-р Марина Темелковска, д-р Ивана Колевска Удовалиева, како и медицинските сестри и техничари с. Шехиде Синани, с. Аријета Мемети, с. Менче Дојчиновска и болничарот Сејнур Идриз.

Втората трансплантација ја изведе тимот предводен од доц. д-р Алан Андоновски, во кој учествуваа д-р Мики Ѓорески, д-р Шклзен Синани и анестезиолог д-р Јасминка Нанчева, со поддршка од медицинскиот персонал – техничарот Ерзен Муртезани, помошник инструментарка Сузана Пејчиновска, сестра анестетичар Јована Илиева и болничарка Снежана Тодоровска.

Националниот координатор за трансплантација, проф. д-р Кузмановска, истакна дека овие трансплантации се реализирани благодарение на ткивната банка на ортопедија и дека секоја успешна трансплантација не само што спасува живот, туку и значително го подобрува квалитетот на животот на пациентите.

„Тие се инспирација за сите нас. Изразувам посебна почит кон донорот и благодарност до семејствата на донорите, како и до сите здравствени работници вклучени во трансплантациските постапки. Во последните шест месеци, извршени се осум ортопедски трансплантации кај деца и возрасни, со што значително се унапредува квалитетот на живот на пациентите“, нагласи проф. д-р Кузмановска.

Овие успешни трансплантации уште еднаш го потврдуваат високиот степен на професионализам и посветеност на македонските здравствени работници во областа на ортопедијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.