Тој денеска најави дека ќе се разговара за актуелната ситуација, предлогот за рефендум и состојбата во Прилеп кадешто во два дена опожарени беа две возила, едното на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Перо Милчин | 21 јули, 2022 13:14

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за предлогот за референдум

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе заседава, а функционерите на партијата ќе разговараат и за референдумот кој веќе го најави претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

Тој денеска најави дека ќе се разговара за актуелната ситуација, предлогот за рефендум и состојбата во Прилеп кадешто во два дена опожарени беа две возила, едното на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да видиме каков тип на рефенрендум, кога би го почнале, како би го почнале, на што би се насочиле, во што би се фокусирале итн. Да слушнеме членовите на Извршниот комитет на партијата што мислат“, рече Мицкоски.

Вели дека ќе се прави и стандардна анализа на политичко-економската состојба во државата. Мицкоски вели дека цените на енергенсите дополнително ќе растат пред зимата, а никој од Владата не се занимавал со тоа прашање.

„Сложена е состојбата. Како државотворна партија треба да излеземе со наши позиции по неколку прашања“, рече Мицкоски.

Мицкоски претходно во телевизиско интервју најави дека ќе побара од највисокот тело на партијата да почне процес на собирање на 150.000 потписи за спроведување референдум за уставните измени, односно за внесувањето на Бугарите во Уставот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести