Собрание

Објавил: Калина Мартинска | 11 март, 2025 16:27

Изгласани интерпелациите за петте членови на Судскиот совет

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Собранието ги изгласа петте интерпелации за членовите во Судскиот совет избрани во Собранието. Најпрво за Весна Дамева, за која дебатата траеше најдолго, а и самата Дамева дојде во Собранието да ги каже своите аргументи. Потоа следуваа и расправите за Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Тања Чачарова Илиевска и Миљаззим Мустафа. Сите интерпелации беа изгласани од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ -Движење за наша Македонија.

Над  70 пратеници гласаа недоверба на членовите на Судскиот совет, но тоа не значи нивно разрешување. За да ја напуштат функцијата член на Судскиот совет треба или сами да си поднесат оставка или колегите во советот да им изгласаат разрешување.

 

(Видео) Изгласана интерпелацијата на Весна Дамева, Павлина Црвенковска и Селим Адеми

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.