Како што информираат од претпријатието, нема повредени патници, пожарот избувнал на горниот кат и во тек е утврдување на причините кои довеле до несреќата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 август, 2019 16:49

ИЗГОРЕ ДВОКАТЕН АВТОБУС НА ЈСП ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Утринава се запали двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ на линијата број 5 во населбата Ѓорче Петров.

Од ЈСП, Скопје соопштија дека возачот на автобусот изјавил дека за време на возењето забележал чад од горниот кат на возилото, застанал и со противпожарни апарати се обидел да го изгасне.

Од претпријатието изјавија дека нема повредени патници. Пожарот избувнал на горниот кат и во тек е утврдување на причините кои довеле до несреќата. 

„Пожарот, чии причини се утврдуваат, е изгаснат за брзо време благодарение на брзата интервенција на екипата на Противпожарната бригада. Внатрешната контрола на ЈСП „Скопје“ веднаш излезе на терен. Возачот на автобусот изјавил дека за време на возењето забележал чад од горниот кат на возилото, застанал и со противпожарни апарати се обидел да го изгасне.

Во меѓувреме, забележал и искри и повикал на помош екипа на Противпожарната бригада. Пожарот бил изгаснат во најбрз можен рок“, велат од ЈСП „Скопје“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Тројцата напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани се наоѓа вон животна опасност.

ПУКАЊЕ ВО ВЕЛЕС: Полицаец застрелан со четири куршуми додека бил во контрола

Денеска околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски...

МВР информираше за несреќата во која се повредени над 20 патници при судир на автобус и автомобил.

СТРАШНА НЕСРЕЌА КАЈ КУМАНОВО: Автобус се заби во автомобил – 20 лица повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на автопатот Куманово- Табановце, има повредени. МВР...