Огромни пламени јазици ја зафатија Универзалната сала во центарот на Скопје. Екипи на противпожарната бригада се на терен и се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола.
https://www.facebook.com/watch/kurir/?ref=embed_video
Причината се уште не е позната.
Реновирање на Универзалната сала
По пауза од две години откако градоначалничката Данела Арсовска ги стопираше градежните работи, фирмата изведувач во февруари почна реконструкција на универзалната сала – симболот на град Скопје.
Според договорот, за 90 работни дена требаше да биде готова надворешноста и куполата. Дополнително требаше да се распише тендер за изведувач на внатрешноста. Проектот е готов и како што кажа проектантот Бујар Муча ќе биде задржана автентичноста на објектот.
Реконструкцијата на универзална ќе се одвива во две фази и се очекува да биде завршена до 2026 година кога објектот треба да е подготвен за настани и да ги прими своите посетители.
Универзалната сала беше затворена скоро 9 години. Градежните работи за реконструкција почнаа во септември 2021 во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов. Според договорот, Министерството за култура откако ќе ја финализира градбата ќе го предаде објектот на Град Скопје, обајви ТВ24 во февруари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.