Бабата на претседателот Стево Пендаровски, мајката на неговата сопруга Елизабета, починала вчера, а посмртно беа земени брисеви за вирусот Ковид-19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2020 21:55

Излегоа резултатите од тестот за коронавирус на бабата на претседателот која почина вчера!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денеска од кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски информираа дека пристигнале резултатите од тестот за коронавирус од мајката на сопругата на претседателот и истиот е се негативен.

– Брисот беше земен посмртно, откако г-ѓа Ѓоргиевска (71) почина вчера на Клиниката за пулмологија во Скопје, како резултат на влошување на општата здравствена состојба предизвикана од хронична болест, поради која повеќе од една година беше со исклучително тешка клиничка слика, велат од кабинетот на претседателот Пандаровски.

Бабата на претседателот Стево Пендаровски, мајката на неговата сопруга Елизабета, починала вчера, а посмртно беа земени брисеви за вирусот Ковид-19.

Вчера од Кабинетот за Прес24 изјавија дека таа извесно време, околу една година имала здравствени проблеми и била во тешка состојба.

Претседателот Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска вчера не беа  тестирани за Ковид-19, бидејќи се чекаа резултатите од починатата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.