Вкупно за гласање се регистрирани 2506 активни членови, кои гласаат на 9 избирачки места со “за” или “против” за единствениот кандидат Зоран Заев.

Објавил: Перо Милчин | 21 март, 2021 14:52

Излезноста во Охрид на изборите во СДСМ до 12 часот е 34,08 проценти

Фото/Текст извор: ©Foto: ohrid24/магазин.мк

Околу 850 членови на СДСМ во Охрид го искористиле правото на глас на внатрепартиските избори до 12 часот.

– Излезноста до 12 часот во СДСМ Охрид е 34,08 отсто, вели претседателот на општинската организација, Лазе Таневски во изјава за ОХРИД 24.

Вкупно за гласање се регистрирани 2506 активни членови, кои гласаат на 9 избирачки места со “за” или “против” за единствениот кандидат Зоран Заев.

Денеска членовите на СДСМ ќе гласаат на првите директни избори за партиски лидер, а на кои не се очекуваат поголеми изненадувања односно реизборот на Зоран Заев е повеќе од извесен.

Тој е единствен кандидат, а на гласачкото ливче членовите ќе може да заокружат „за“ или „против“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

-Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот, напиша вчера Апасиев на Фејсбук.

АПАСИЕВ НАЈАВИ ПРИЈАВИ ЗА БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ АКО ДОЈДАТ ЗАРАЗЕНИ ПРАТЕНИЦИ НА СЕДНИЦА

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев уште вчера по најавата на власта дека...

Покрај Николоски говорници на овој настан беа европратениците Марион Вилсман од Германија и Владмир Билчик од Словачка, заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, како и директорот на Конрад Аденауер во Македонија Даниел Браун.

Николоски на конференција со ЕУ пратеници – Бугарија веднаш да го тргне ветото и да престане со условувањата

Денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својство на претседател на...

Во ек на пандемија, кога секој денар е важен и наместо истиот да се искористи за таблети, тестови или вакцини се троши за партиски вработувања.

Угостителите остануваат без работа, фирми тонат, а Шилегов на градски товар става 175 лица преку ЈСП

Угостителите остануваат без работа, фирми тонат, а Шилегов на градски товар става 175...