
Вести
Избори 2020
Државната изборна комисија на својата официјална Веб страна ја објави излезноста до 15 часот. Имено до сега своето право на глас го искористиле 576,395 граѓани, или 31.77% од вкупно 1,814,263 гласачи запишани во избирачкиот список.
До 15 часот обработени се податоците од 3.435 избирачки места на кои гласале 576.576 граѓани.

Најголем одѕив има во Четвртата изборна единица каде излезноста е 35,56 отсто, а најмала и понатаму е излезноста во Шестата изборна единица – 22,85 проценти.
Во Првата изборна единица излезноста е 34,51, во Втората – 29,96, во Третата – 37,24, во Четвртата-35,56, во Петтата – 31,51 и во Шестата – 22,85 отсто.
Портпаролот на ДИК Адмир Шабани, на прес конференцијата истакна дека до сега не се доставени приговори. Тој потврди дека имало мал прекин на гласањето на избирачко место во селото Лојане, а причината била неусогласување на сериските броеви на гласачките ливчиња. Гласањето подоцна е продолжено и се одвива непрекинато.
-Што се однесува до прекинот на гласањето во Липково, во избирачко место во село Лојане, добивме информација дека имало краток прекин, а причината за прекинот било неусогласувањето на сериските броеви на гласачките ливчиња. Прекинот траел додека Избирачкиот одбор не проверил дали се на број, при што е констатирано дека има толку гласачки ливчиња колку што се запишани избирачи во Избирачкиот список. Целата оваа ситуација е констатирана во посебен записник. Таму гласањето е продолжено и тече непрекинато, појасни Шабани.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.