Да даруваме крвна плазма - да бидеме хумани и да спасиме човечки животи!

Објавил: Стојче Бушин | 30 јуни, 2020 17:06

Излекувани пациенти од ковид-19 им помагаат на други пациенти за побрзо оздравување од коронавирус

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Излекувани пациенти од ковид-19 им помагаат на други пациенти за побрзо оздравување од коронавирус.

 Да даруваме крвна плазма – да бидеме хумани и да спасиме човечки животи!

„На 16 март ми беше дијагностициран КОВИД-19 и бев прва заболена во општина Теарце. Поминав релативно лесно, дома без поголеми симптоми, а потоа и два негативни теста. Во петокот во тетовската служба за трансфузија ми беше земена крв за испитување и беше утврдено дека има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста. Денеска крвната плазма ја дарував. Ги повикувам сите што ја победиле короната да даруваат крв и да спасат нечиј живот“, рече Јасминка.

Во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во:
– Скопје 66
– Куманово 6
– Штип 15
– Прилеп 3
– Тетово 19
– Струга 2
– Велес 2
– Битола 1
– Кавадарци 4
– Гостивар 2
– Пробиштип 2
– Свети Николе 1
– Ресен 3

Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.

– Скопје 43
– Штип 1
– Битола 1
– Ресен 3

Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во Охрид и околината, пациентите можат да се обратат во Службата за ИМП, а по потреба пациентите се упатуваат во Општа болница Охрид!

Филипче: Вака ќе работат итните служби за претстојниот викенд

За време на претстојниот празничен викенд, сите граѓани кои ќе имаат потреба од здравствена...

Во просек, месечно, се реализирани 10 илјади прегледи. По прогласената епидемија на Ковид-19 во Република Македонија, оваа установа беше определена како болница во која се вршат хируршки третмани на пациенти кои не се инфицирани со коронавирус.

На Клиниката „Св. Наум Охридски” од март до јули извешени 50 илјади прегледи и повеќе од 850 операции

Од Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски” информираат...

Ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава. На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Во период кога здравствениот систем се соочува со ковид-19, Програмата за транплантација продолжува да се реализира!

Филипче: Направена нова кадаверична трансплантација, двајца пациенти добија бубрег од починат донор

Утрово на Клиниката за Урологија беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент...