Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение против порнешниот директор на Централниот регистар Андреја Поповски за злоупотреба на службената положба и овластување, како и против тројца вработени за кои се сомничат за помагање.

Објавил: Валерија Петрова | 20 септември, 2019 12:20

Измама во Централниот регистер: Кривична пријава за поранешниот директор и тројца вработени

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Измама во Централниот регистер, ОЈО поднесе кривична пријава против поранешниот директор и тојца негови вработени поради злоупотреба на својата службена должност.

Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение против порнешниот директор на Централниот регистар Андреја Поповски за злоупотреба на службената положба и овластување, како и против тројца вработени за кои се сомничат за помагање.

– Првообвинетиот кој бил директор на Централниот регистар во периодот од 16 декември 2014 година до 29 мај 2017 година, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа, иако таа цело време воопшто не доаѓала на работа, туку била ангажирана за партиски активности на една политичка партија. Со тоа, на вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, соопшти ОЈО.

ОЈО поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Централниот регистер

Останатите тројца обвинети – раководителка и две советнички од Одделението за човечки ресурси на Централниот регистар, се обвинети дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело.

На овој начин била нанесена штета на буџетот на институцијата во износ од 824.837 денари по основ на исплатени плати, а за вработената била прибавена корист и на штета на Фондот за здравствено осигурување во износ од 344.283 денари. Со ова вкупниот износ на нанесената штета изнесува 1.169.120 денари.

За четирите обвинети лица на сила се мерки на претпазливост претходно определени од Основниот кривичен суд Скопје, а на првообвинетиот во текот на кривичната постапка му е определена и гаранција во износ неколкупати повисок од штетата за која се товари.

Во овој предмет, како што денеска соопшти Јавното обвинителство, донесена е и наредба за запирање на истражната постапка против едно лице – раководител на Регионалната регистрациона канцеларија – Скопје, бидејќи во текот на истрагата не беа утврдени докази дека со умисла сакал да му помогне на првоосомничениот да ги прикрие дејствијата на злоупотреба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што информира градоначалникот Петре Шилегов пролетта 2017 година е констатирано заболување на овој дрворед, но покрај сите обиди што ги направиле, дрворедот морал да се отстрани.

ШИЛЕГОВ ГРЕШКАТА ЈА ПОПРАВА: Нови јапонски цреши на „Максим Горки“

Градот Скопје денеска започна со обновување на дрворедот на улицата „Максим Горки“...

Пред повеќе од еден месец, по совет на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со посредство на љубезниот директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во соодветната служба на МВР, пријавив физичко следење од страна на неовластено лице, напиша Героски на својот Фејсбук профил.

Героски со апел до обвинителството: Изјаснете се за случајот или јас ќе ја известам јавноста!

Новинарот и уредник на порталот Плус Инфо, Бранко Героски со ОТВОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО...