МВР

Објавил: Калина Мартинска | 19 февруари, 2025 16:58

Измамена 79-годишна жена од Скопје за златен накит и сума од 216.949 денари

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На 18.02.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, 79-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 216.949 денари и златен накит.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар од Република Бугарија, кој работи и во болница во Скопје, и ѝ кажал дека треба да ја оперира нејзината ќерка, која се здобила со повреди во сообраќајна несреќа и требало златни штрафови да се вградат во ногата, а за тоа требало да се плати.

Како што е пријавено, таа ги предала парите и накитот на едно лице на договореното место, а откако се вратила дома и ја видела ќерка си, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова не е прв ваков случај за што информира МВР. Претходно, пред 10 дена, на скопјанка и беа украдени 300 илјади денари.

91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари, ѝ кажале дека внукот имал сообраќајка

Министерството за внатрешни работи повеќе пати досега алармираше за ваквите измами кои се прават најчесто кај повозраси лица.

Бидете внимателни: Лажни полицајци се јавуваат кај стари лица и велат дека членови на нивните семејства усмртиле деца

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.