Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 октомври, 2020 6:24

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

НАЈАВА ЗА ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ!

Г.П. Викторија Инвест известува дека на 30.10.2020 (петок), ќе се започне со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде ќе има изменет времен режим на сообраќајот.

На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи.

Г.П Илинден – Струга известува дека на ден 30.10.2020(петок) од 07.00 часот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с.Врбјани ќе започне со изведување на градешни работи на пат(асфалтирање на риголи), каде ќе има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 338 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 229 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (19.11 – 25.11.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Од 15.11.2020 година...

Со оваа инвестиција, манастирот ќе биде подостапен за сите верници, добронамерници, туристи, љубители на манастирскиот туризам.

Започна асфалтирањето на паркингот на Лешочкиот манастир, Општина Теарце

На овој голем празник, Св. Архангел Михаил, започна асфалтирањето на паркингот на Лешочкиот...

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 246 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (12.11 – 18.11.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети...