Не се дозволени движења и излегување од области за кои се смета дека се места од каде се шири заразата. Потребна е посебна дозвола доколку сакаат даизлезат од изолираното место.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 февруари, 2020 11:12

Изолирани 11 села во Италија поради новиот коронавирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера во Италија две лица починаа од новиот коронавирус, а бројот на заразени во земјата достигна 79 лица, се превземаат засилени мерки.

– По вонредната средба поради епидемијата на новиот коронавирус, италијанската Влада презеде активности за изолирање на 11 населени места, од кои повеќето се во северниот регион на Ломбардија, јави ДПА.

Коронавирусите, кои се познати од 1960-те години, можат да предизвикаат како обична настинка, така и опасни заболувања на белодробните органи, како САРС или МЕРС. Овие заболувања се појавуваат подеднакво кај луѓето и кај животните.а.

Не се дозволени движења и излегување од области за кои се смета дека се места од каде се шири заразата. Потребна е посебна дозвола доколку сакаат даизлезат од изолираното место.

За сега се забранети и откажани сите јавни собири, спортски настани и други настани.

Училиштата и градинките, спортските објекти и продавниците се затворени. Јавниот превоз е запрен. Тие мерки влијаат врз повеќе од 50.000 жители.

Во меѓувреме Јужна Кореја одлучи да го подигне нивото на опасност од новиот коронавирус на највисок степен. Тоа го најави претседателот Мун Џае Ин, откако во таа држава беа регистрирани повеќе од 100 нови случаи на заболени од Ковид-19.

Мун рече дека владата ќе го зајакне целокупниот одговор на вонредни состојби како дел од прогласување на „црвен“ степен на предупредување и дека локалните власти треба да преземат „исклучителони, моќни“ мерки за да спречат ширење на Ковид-19, јави Јонхап.

Јужна Кореја објави 123 нови случаи на коронавирус и два нови смртни случаи, со што вкупните потврдени инфекции се 556 и бројот на починати е четири, според јужнокорејскиот Центар за контрола и спречување болести.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вакцинацијата против коронавирус во Албанија продолжува со несмалена динамика и до сега имунизирани се 250.676 лица, објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу преку видеозапис на Фејсбук.

Во Албанија вакцинирани над 250 илјади лица

Вакцинацијата против корона вирусот во Албанија продолжува со несмалена динамика...

Учеството е над 90 отсто, а во изминатите седум дена, во просек е 93 проценти и станува збор за 10 до 12 илјади вакцинации дневно!

Грчкиот министер за здравство: Во јули колективен имунитет во Грција

До крајот на јуни или средината на јули ќе биде вакциниран еден голем дел од грчкото...

Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката партија на премиерот Бојко Борисов, но би можело да биде тешко да се најдат коалициски партнери заради слабиот одѕив среде стравувањата од пандемијата.

Бугарите денеска избираат нова Влада, се очекува победа на Бојко Борисов

Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката...