Имено многу верници се упатуваат и во Црна Гора да го посетат големиот Острошки манастир кој е посветен на овој светец.

Објавил: Сара Фемина | 25 јануари, 2022 5:45

Икони кои мора да ги има во секој дом- Чувари на домот и здравјето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Секој верник речиси секој ден барем по еднаш го споменува Бог. Најчесто се молиме за здравје, за среќа за нас и нашите најмили.

Нема христијански дом во кој не може да се види икона од светецот заштитник на семејството.

Во Православието, иконата претставува слика на која е претставена некоја светија, како Господ Исус Христос, Богородица Марија, светци, ангели или Крст. Иконите, исто така може да бидат изведувани во метал, издлабени во камен, изрезбани во дрво, навезени на облека, изградени како мозаик, испечатени итн.

Содржината на иконата, значи претставува вистински духовен патоказ за животот во Црквата, особено за молитвата. Таа на еден автентичен начин, ослободен од стеснетоста на поимите и зборовите, не учи каков став треба да завземеме во духовниот живот.Иконата е истовремено и пат којшто треба да се следи, и присуство на одондестраното и спасеното, и сретство. Таа самата е: молитва. Причината за постоењето на светата уметност во Православието е токму во тоа да донесе видливо сведоштво за двете стварности, обединувајќи ги во себе: историската стварност и стварноста на Царството Небесно, реалноста на создадденото и благодатта на Светиот Дух. ФОТО Бигорски Манастир!

Со помош на бои, облици и линии, низ еден јазик на симболичен реализам, сликарски израз единствен во својот род, ни се открива духовната состојба на човекот спасен во вечноста на Царството Небесно. Човекот – храм Божји.

Постојат многу светци кои му помагаа на човекот во неволја но некои икони мора секогаш да ги имате во домот.

Иконата на Мајката Божја или на Богородица е онаа која мора да ја имате во домот.

Меѓу народот таа е позната како заштитничка на семејството и лечи од многу болести, а се верува дека прв ја икононапишал самиот свети Лука и дека поради тоа има голема моќ за исцелување на луѓето. 
Најчесто луѓето ја кажуваат следната молитва:

Богородице Дево, радувај се благодатна Марије Господ е со тебе. Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, зашто си го родила Спасителот на душите наши. Богородице Дево, радувај се благодатна, зашто телесно во утробата го носеше Синот Божји; Радувај се оти го роди, Радувај се, оти мудреците му се поклонија, Радувај се, оти Христа по три дена си го пронашла во храмот, Радувај се, оти Христос воскресна од мртвите и се вознесе на небесата, Радувај се, оти ти самата на небесата си земна, Радувај се, оти тебе сите небесни жители ти се послушни. Радувај се, оти се` што сакаш можеш да направиш. Радувај се, Оти блиску си до пресвета Троица. Радувај се, Благодатна Марије, Господ е со тебе.

Една од иконите кои треба да ги поседуваме во домот е и иконата на Светиот Василиј Острошки

За овој светец се верува дека е човекот од народот кој секогаш се грижи за народот.  Светецот кои оди меѓу луѓето. Иконата на Свети Василиј Острошки треба да се најде во секој дом, бидејќи се смета дека овој светец го чува семејството и куќата од пожар, зло и болести.

Имено многу верници се упатуваат и во Црна Гора да го посетат големиот Острошки манастир кој е посветен на овој светец.

Иконата на Пресвета Богородица Трорачица која ако ја погледнете подобро ќе забележите дека има насликано три раце кои симболизираат заштитничка на здравјето односно оваа светица ги ублажува болките во рацете како и лекува од разни други болести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се случи чудо, а ние сме дел од него, ќе рече српскиот патријарх Порфириј, по денешната заедничка возвратна литургија со арихиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во Скопје.

Историски ден – СПЦ ја одобри и благослови автокефалноста за МПЦ-ОА

По 55 години се одобрува афтокефалноста на МПЦ – ОА. Веста пред големиот број верници...

Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

Вселенската Патријаршија ја призна нашата Црква Охридската Архиепископија за канонска

Со одлуката на вчерашното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија,...

Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Втор ден Велигден

Православните верници денеска слават втор ден Велигден – Христовото Воскресение,...