Нема христијански дом во кој не може да се види икона од светецот заштитник на семејството.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 октомври, 2019 16:28

Икони кои мора да ги има во секој дом- Чувари на домот и здравјето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Бигорски Манастир

Секој верник речиси секој ден барем по еднаш го споменува Бог. Најчесто се молиме за здравје, за среќа за нас и нашите најмили.

Нема христијански дом во кој не може да се види икона од светецот заштитник на семејството.

Во Православието, иконата претставува слика на која е претставена некоја светија, како Господ Исус Христос, Богородица Марија, светци, ангели или Крст. Иконите, исто така може да бидат изведувани во метал, издлабени во камен, изрезбани во дрво, навезени на облека, изградени како мозаик, испечатени итн.

Содржината на иконата, значи претставува вистински духовен патоказ за животот во Црквата, особено за молитвата. Таа на еден автентичен начин, ослободен од стеснетоста на поимите и зборовите, не учи каков став треба да завземеме во духовниот живот.Иконата е истовремено и пат којшто треба да се следи, и присуство на одондестраното и спасеното, и сретство. Таа самата е: молитва. Причината за постоењето на светата уметност во Православието е токму во тоа да донесе видливо сведоштво за двете стварности, обединувајќи ги во себе: историската стварност и стварноста на Царството Небесно, реалноста на создадденото и благодатта на Светиот Дух. ФОТО Бигорски Манастир

Со помош на бои, облици и линии, низ еден јазик на симболичен реализам, сликарски израз единствен во својот род, ни се открива духовната состојба на човекот спасен во вечноста на Царството Небесно. Човекот – храм Божји.

Постојат многу светци кои му помагаа на човекот во неволја но некои икони мора секогаш да ги имате во домот.

Иконата на Мајката Божја или на Богородица е онаа која мора да ја имате во домот.

Меѓу народот таа е позната како заштитничка на семејството и лечи од многу болести, а се верува дека прв ја икононапишал самиот свети Лука и дека поради тоа има голема моќ за исцелување на луѓето. 
Најчесто луѓето ја кажуваат следната молитва:

Богородице Дево, радувај се благодатна Марије Господ е со тебе. Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, зашто си го родила Спасителот на душите наши. Богородице Дево, радувај се благодатна, зашто телесно во утробата го носеше Синот Божји; Радувај се оти го роди, Радувај се, оти мудреците му се поклонија, Радувај се, оти Христа по три дена си го пронашла во храмот, Радувај се, оти Христос воскресна од мртвите и се вознесе на небесата, Радувај се, оти ти самата на небесата си земна, Радувај се, оти тебе сите небесни жители ти се послушни. Радувај се, оти се` што сакаш можеш да направиш. Радувај се, Оти блиску си до пресвета Троица. Радувај се, Благодатна Марије, Господ е со тебе.

Една од иконите кои треба да ги поседуваме во домот е и иконата на Светиот Василиј Острошки

За овој светец се верува дека е човекот од народот кој секогаш се грижи за народот.  Светецот кои оди меѓу луѓето. Иконата на Свети Василиј Острошки треба да се најде во секој дом, бидејќи се смета дека овој светец го чува семејството и куќата од пожар, зло и болести.

Имено многу верници се упатуваат и во Црна Гора да го посетат големиот Острошки манастир кој е посветен на овој светец.

Иконата на Пресвета Богородица Трорачица која ако ја погледнете подобро ќе забележите дека има насликано три раце кои симболизираат заштитничка на здравјето односно оваа светица ги ублажува болките во рацете како и лекува од разни други болести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Кокцигеалниот сегмент е составен од крстната коска која е формирана со спојување на 3 до 5 мали прешлени. Најчесто крстната коска е составена со спојување од 4 мали прешлени, но кај некои луѓе можно е таа да биде составена од 3 или 5 мали прешлени, што не влијае на нејзината функција.

ЗДРАВЈЕ: Структура и функција на здравиот ’рбет

Рбетот претставува комплексна структура која овозможува стабилност и мобилност на...

75 % од жените кои имаат карцином на дојка немаат семејна историја за оваа болест. Фактот што се „жени“ е доволна причина да го носат ризикот од карцином на дојка.

10 ризик фактори за карцином на дојка

10  ризик фактори за карцином на дојка. Пол: Карциномот на дојка најчесто се јавува...

Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.

НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ОД ЖОЛТА ФАЗА ВО ЦЕЛА ДРЖАВА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО ПРЕПОРАКИ ДО НАСЕЛЕНИЕТО

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за...

-Постојат неколку типа на ХПВ вакцини, двовалентна, четиривалентна и деветовалентна. Секундарна превенција претставува скрининг за цервикален карцином. Скринингот се спроведува со правење на ПАП тест и/или ХПВ типизација, во зависност од скрининг програмата и политиката на земјата во која се изведува.

ПРИМАРНА ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ НА ГРЛО НА МАТКА Е ВАКЦИНАЦИЈАТА СО ХПВ ВАКЦИНА – ЈАНУАРИ ПОСВЕТЕН НА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА

Доктор Горан Димитров, претседател на Македонското здружение за цервикална патологија...