Вишиот инспектор, од денеска ќе биде само советник – инспектор за основно и средно образование и ќе зема пониска плата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 септември, 2019 7:55

Илиевски се врати на работа: “Биди среќен што не доби отказ”- ОД ДЕНЕС СО ПОНИСКА ПЛАТА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вишиот инспектор Ѓорги Илиевски од одмор денеска се врати на работа, тој од страна на претседателот на Државниот просветен инспекторат Томе Спировски бил пречекан со зборовите „биди среќен што не доби отказ“, пишува Република.

Илиевски го доби решението за пониска работна позиција, која инспекторатот му ја додели како казна оти го обелоденил скандалот за незаконското напредување кај тројца функционери на ДУИ.

Вишиот инспектор, од денеска ќе биде само советник – инспектор за основно и средно образование и ќе зема пониска плата. Вели, одлуката е незаконска, оти се уште не добил одговор на жалбата доставена со Агенцијата за државни службеници.

Пред пензија ме штити Законот за работни односи да нема намалување на платата, да нема намалување на работното место. Таа постапка ќе ја терам по службен пат. Се уште немам добиено решение по жалбата од Агенцијата за државни службеници. Ваквиот чин е реваншизам и лоша порака до сите инспектори во државата ако работат законито што ќе ги следи, вели Илиевски.

Правдата Илиевски ќе ја бара на суд. Тој обвинува дека во целиот случај се инволвирани и други високи функционери, а за скандалот, според него, молчи и премиерот Зоран Заев, пишува Република.

-Она што отворено го зборувам и за други функционери и за други професори кои што незаконито напредувале, како што е деканот на Факултот за безбедност. Никола Дујовски. Како што е Наташа Пеливанова, про декан на Факултетот за безбедност и е заменик- началник на Општина Карпош. Значи имеме судир на интереси, вели Илиевски.

Инаку, при вршење редовен инспекциски надзор, инспекторот од Тетово, Ѓорѓи Илиевски утврди дека тројцата функционери на ДУИ се стекнале со повисоко наставно – научно звање додека извршувале јавна функција, што е спротивно на Законот.

Случајот се однесуваше на министерот за образование Арбр Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули.
За ова, Илиевски минатиот месец го алармираше лично премиерот Заев, а тој преку СМС порака му одговорил оти споменатите функционери работеле во согласност со Законот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Преку гласот на осудените жени Николовска пишува дека во најголемиот затвор тие не се запоставени, туку тешко е да ја најдат силата во самите нив и победник е само оној кој е издржлив и трпелив.

НАЈПОЗНАТАТА ИЗМАМНИЧКА – Соња ТАТ се јави од Идризово: И затворот е искуство!

Дел од затворската поезија и припаѓа и на Соња Николовска, позната по аферите со ТАТ...

Милошоски во емисијата даде и свое мислење за случајот Рекет. Тој вели дека не верува во тоа дека Катица Јанева, поранешната шефица на СЈО рекетирала сама,  без претходна поддршка од страна на високи функционери на владата на СДСМ.

Милошоски за “Рекет”: Боки е само извршител, Катица рекетирала со помош на високи функционери

Во вчерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо...