Нерешавањето на историските прашања, според него, ќе ги остави Македонците да продолжат да мислат се најлошо за Бугарија и да ја прифаќаат земјата негативно.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 септември, 2020 11:44

Илиев: Нема компромис за Гоце Делчев- Македонија има 44 а Бугарија 440 документи за него!

Фото/Текст извор: ©миа.мк

Бугарија може да остане сама во спорот со Македонија, смета Кирил Илиев, историчар од Институтот за балкански студии при Бугарската академија на науките.

Илиев во изјава за ТВ Блумберг, коментирајќи ја бугарската позиција кон Скопје и ставовот на Германија како актуелен претседавач со ЕУ дека не треба да се поставуваат нови критериуми, вели дека Бугарија нема јасен концепт за целите што сака да ги постигне во односите со Македонија

-Општо, Бугарија нема целисходна политика што строго ќе се следи и нема да се отстапува од неа. Бугарите се прекумерно емоционални за македонското прашање, за Македонија, додека во соседните земји Србија и Грција пристапуваат прагматично според нивниот интерес, рече Илиев.

Во Бугарија и во Македонија, забележува бугарскиот историчар, има партии и личности чиј политички живот се темели целосно на македонското прашање.

-Не постои политичка партија во Македонија што не ја користи историјата како своја идеологија, но на начин што и одговара, рече Илиев, посочувајќи ја опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која, како што наведе, „го користи меморандумот на Бугарија за да додаде бензин во огнот“.

Тој смета дека историската дебата меѓу Бугарија и Македонија не може да се избегне, зашто тоа е темелот на проблемот меѓу двете земји.

Нерешавањето на историските прашања, според него, ќе ги остави Македонците да продолжат да мислат се најлошо за Бугарија и да ја прифаќаат земјата негативно.

-Треба да се решат историските проблеми за да не останеме за денешните Македонци „татар-монголи, фашисти, окупатори, комунисти“. Ова е најлошото што ни се става како етикета, истакнува Илиев.

Бугарскиот историчар се надева дека комисијата формирана од експерти од двете земји наскоро ќе продолжи да работи и ќе ги расчисти несогласувањата.

-Погрешно беше што секоја информација за работата на заедничката експертска комисија стана јавна за луѓето во двете земји и се користеше за политички цели, изјави Илиев.

Тој истакнува дека нема проблем во комуникацијата на Бугарите со народот на Македонија до моментот додека не почне да се зборува за историјата, и е убеден дека тоа е пречка за приближување на културно, спортско и економско ниво.

-Не може да се прават компромиси со историјата, вели Илиев, осврнувајќи се конкретно на архивите за Гоце Делчев, за кого, како што посочува, македонската страна има 44, а бугарската 440 документи.

Според него, дебатата треба да се базира на историското документарно наследство, а во меѓувреме да се пристапи прагматично со изградба на автопат меѓу Софија и Скопје, железничка пруга и отворање нови гранични премини меѓу двете земји. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од МВР најавуваат дека има засилени полициски контроли од страна на републичката полиција со цел почитување на мерките.

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во „8 Септември“

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во болницата...

Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2.000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка.

Филипче го внесува системот во хаос, бараме одговорност!

Во денешното соопштение Вмро-Дпмне обвинува дека бројката од 22 починати од ковид-19...

Очигледно за многу наши соседи во Скопје, митовите за комунистичкиот отпор се основа за нивниот „етнички идентитет“.

Ковачев: Наместо „бугарски фашистички окупатор“, на спомен плочите да пишува „германски нацистички окупатор“

Бугарскиот Европратеник Андреј Ковачев на Фејсбук предложи сите плакети и споменици...