Пред две години свој говор од Мечкин Камен имаше Талат Џафери како новоизбран претседател на Собранието.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 јули, 2019 23:54

ИЛИНДЕНСКА ПРОСЛАВА: Зоран Заев ќе се обрати на Мечкин Камен!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во соопштението од владата денеска стои дека првпат говор на Мечкин Камен во Крушево, ќе одржи премиерот Зоран Заев, а не претседателот на државата Стево Пендаровски.

Во текот на вчерашниот ден настана големо недоразбирање во однос на одржувањето на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“, односно во медиумите беше соопштено дека претседателот државата Стево Пендаровски, ќе присуствува на 2-ри август во Крушево, соопшти Владата.

„Во текот на вчерашниот ден настана недоразбирање во однос на одржувањето на Манифестацијата НКС ‘Десет дена Крушевска Република’, односно преку медиумите беше известено дека претседателот државата Стево Пендаровски ќе присуствува на 2-ри август во Крушево. На 2-ри август на Мечкин Камен во Крушево ќе се обрати премиерот Зоран Заев“, се вели во соопштението од Владата.

Манифестациите почнуваат вечерта на 31 јули кога во Крушево, по 18 часот традиционално пристигнува Коњаницата пред столбот на Крушевската Република во центарот на Крушево.
Позната е комплетната програма за Културно-научните средби „10 дена Крушевска Република.

На 2 август, на Илинден, ќе бидат положени свежи цвеќиња и почит ќе им биде оддадена на: претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред неговиот гроб во споменикот „Македониум“ на Гумење, на паднатите илинденски борци кај месноста Слива и ќе се одржи панихида за илинденците во црквата „Свети Никола“ во центарот на Крушево.

Од 12 часот е централното чествување на Мечкин Камен каде ќе се обрати премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ до 10 август продолжува со низа настани: манифестација посветена на унгарската култура на 3 август, на 4 август е манифестацијата посветена на влашката култура, а на 5 август е концертот на тенорот Влатко Груески во спомен-куќата на Тодор Проески на Гумење, пишува опсервер.мк.

На 6 август е целовечерникот настап на Хорот „Злата Мегленска“ на градскиот плоштад во Крушево, „Никола Мартиноски“.

На август, во рамките на научно-културните средби е театарска претстава на театарот „Провокација“, една за младите, а друга за повозрасните. На 8 август е настапот на културно-уметнички друштва, а на 9-ти ќе има концерт во крушевскиот градски парк.

Манифестацијата на 10 август ќе заврши со целовечерен концерт на Викторија Лоба, а потоа и со церемонијата на спуштањето на знамето на Крушевската Република на Гумење во Крушево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Постапка за оценување на стажот на јавните обвинители додека се членови на Советот на јавни обвинители – Уставен ја прифати иницијативата на обвинителката Ристовска

Уставен поведе постапка: На скандалозен начин се унапредувале обвинители

Уставниот суд смета дека Советот на јавни обвинители вршел дискриминација на обвинителите....