Тој изрази искрено и најдлабоко сочувство за загубените животи и, како што напиша, ја споделува големата болка со нивните семејства.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 септември, 2021 6:08

Илир Мета: Моите мисли и молитви се со Тетово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со длабока загриженост и тага ја следам трагедијата што се случи во тетовската болница. Исклучително сериозен и вознемирувачки настан, особено за бројот на пријавени жртви, напиша албанскиот претседател Илир Мета на социјалните мрежи.

Тој изрази искрено и најдлабоко сочувство за загубените животи и како што напиша, ја споделува големата болка со нивните семејства.

Посакувам што побрзо заздравување на повредените. Изразувам целосна солидарност со државните органи на Северна Македонија, кои вложуваат максимални напори да спасат што е можно повеќе животи и да ја стават ситуацијата под контрола. Моите мисли и молитви се со Тетово, напиша Мета.

Претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејствата и роднините на починатите во пожарот што избувна вчера вечер околу 21 часот во Ковид-центарот во Тетово.

Според медиумите се бројат голем број жртви!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Оние кои пристигаат најчесто се жени, деца или стари лица, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски забрани мажи на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата.

Повеќе од половина милион бегалци ја напуштиле Украина

Преку 500.000 луѓе ја напуштија Украина по почетокот на воената инвазија на Русија која...