Од денеска се затвораат и обложувалниците и казината. Обложувалниците смеат да работат само преку пулт. Мерката е на сила до 20 април.

Објавил: Владо Марин | 7 април, 2021 8:46

Илјадници работни места висат на конец: Од денеска угостителските објекти се затворени за гости

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Угостителските објекти од денеска се затворени за посетители и можат да вршат само достава на храна или продавање преку шалтер.

Од денеска се затвораат и обложувалниците и казината. Обложувалниците смеат да работат само преку пулт. Мерката е на сила до 20 април.

На завчерашната седница на Владата се донесе одлука за дополнителни рестриктивни и превентивни мерки со единствена цел – заштитата на јавното здравје и заштита на сите граѓани.

Рестриктивните мерки се однесуваат на:

Забрана и посебен режим на движење на граѓаните на територијата на Северна Македонија, од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, (од 6 до 20 април 2021 година).

➡️ Граѓаните, кои извршиле имунизација/вакцинација во центрите за вакцини, за временскиот период непосредно пред започнувањето на забраната и посебниот режим на движење, им се дозволува враќање до своите живеалишта, престојувалишта, врз основа на потврда за извршена вакцинација.

Целосна забрана за посетители, гости, во сите угостителски објекти, кафетерии, ресторани, барови, клубови и други објекти, кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, како и во угостителските објекти, дел за исхрана во угостителските објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион и други објекти за сместување или на бензински станици.

❌ Целосна забрана за посетители и гости во сите обложувалници, односно приемот на посетителите и работата на обложувалниците да биде овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга, шалтер, штанд, пулт.

Целосна забрана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање.

Се забранува организирање, одржување и присуство, учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани.

🔗vlada.mk/node/24814

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести