Македонија
Политика
Во моментов сме 64 потврдени пратеници, верувам дека парламентарно може да достигне и 66, за тоа треба да одлучат пратениците, рече Зоран Заев, нагласувајќи дека парламентарно мнозинство е сега поголемо од пред изборите и е гаранција за стабилност.
Убеден сум дека со најмалку 64 пратеници ја имаме најсилната гаранција за стабилно парламентарно мнозинство, а верувам и дека може да расте. Така што, избори во 2024 година, со убави резултати во економијата, напредок и совладани поглавја за Европската Унија.
Тоа е нашето очекување. Моето останување во овој дополнителен период е заради обезбедување парламентарно мнозинство и мислам дека оваа работа ја завршувам. На 12 декември мојата партија СДСМ ќе има нов претседател.
Се очекува да има нова влада што ќе предложи нови министри и ќе направи нов кадровски распоред, но откако ќе биде извесно со Бугарија. Во прашање се недели, истакна Заев на прес-конференцијата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
Во следните неколку недели, рече, Алтернатива ќе почне да ги презема одговорностите во институциите, ќе го зајакне парламентарното мнозинство и ќе може да се гласаат важни закони: за кризите – енергетска, пандемиска и мигрантска, како и Буџетот за 2022.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Политика
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.