Садики самиот на Фејсбук потврдил дека е протеран, но дека не е виновен и стравува за своето семејство

Објавил: admin@magazin | 21 април, 2019 10:39

Имам од Македонија протеран од Италија поради тероризам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Имамот Зејнулах Садики (31) ќе биде протеран од Италија поради исламски радикализам, дознава 24 Инфо. Според обвинението, тој премногу долго ја злоупотребувал својата позиција како религиозен авторитет во локалната Исламска заедница во провинцијата Гросето за да пропагира џихад и да регрутира следбеници. Затоа агентите на ДИГОС (Дивизјата за истраги и специјални операции) во чекор го следеле три години.

Утрото откако го уапсиле го префрлиле во Центарот за идентификација во Торино, каде што се одвива процедурата за негово протерување на 15 години.

Според медиумите, Садики подолго време се занимавал со проповедање на радикален ислам. Имамот во 2010 година бил протеран од џамијата во Џенова поради безбедносни причини од ДИГОС, а која и сега го товари Садики за тероризам.

Имамот е обвинет дека пропагирал во корист на ИСИС, а за прв пат во јавноста во Италија станал познат во 2015 година кога била разбиена џихадистичка ќелија во провинцијата Гросето.

Се шпекулираше дека Садики бил поврзан со Марија Џулија Серџо, алијас Фатима, првиот италијански државјнин кој заминал да се бори во редовите на ИСИС во Сирија. Таа се омажила за Албанец со кого заедно престојувале во Скансано, гратче во Гросето во Исламска албанска заедница каде бил и Садики. Но тој негирал дека се сретнал со Фатима.

Сепак, доказите против него зборуваат дека во 2013 година во неговиот Исламски центар го поканил Шефкет Красниќи, проповедник од Косово, кој подоцна беше уапсен и обвинет за регрутирање на џихадисти.

Садики самиот на Фејсбук потврдил дека е протеран, но дека не е виновен и стравува за своето семејство.

Ме уапсија во мојот дом, без сведоци затоа што претставувам опасност за италијанската држава како исклучително радикален имам и бидејќи сум посетувал многу исламски центри. Но ако се уште има правда во Италија ќе се вратам брзо, напишал имамот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

„Медитеранскиот регион во моментот е загрозен од појава на нестабилност и конфликт на Блискиот исток и различните земји од Северна Африка и меѓу различните етнички, религиозни и исповедни групи. во нови кризи “, рече папата.

Папата се побуни против планот на Трамп: Донесе решение кое нема да излезе на добро

Папата Фрањо предупреди на „неправедни решенија“ за израелско-палестинскиот конфликт,...

Според него, на 26 декември минатата година, членовите на партијата Ѓукановиќ донесоа закон со кој им се овозможува да го национализираат СПЦ имотот доколку не е во можност да приложат документи за сопственост.

Франција му пресуди на Ѓукановиќ: ФИГАРО НАЈАВИ- Мило нема да дочека 30 години на власт

Лесно може да се случи Мило Ѓукановиќ наскоро да испадне од власт заради донесување...

Додик рече дека би било добро да се разговара што е можно поскоро, иако тој не е оптимист дека тие разговори ќе имаат какви било резултати.

Додик му порача на Изетбеговиќ: Ќе мора да ме трпи, го повикувам да разговараме(ВИДЕО)

Членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, го повика водачот на Демократската...

Мерењата преземени над исландскиот Рејкјавик покажаа најниска температура во стратосферата во последните 40 години - дури и до -96 степени.

ЕВЕ ЗОШТО ИМАВМЕ БЛАГА ЗИМА: Чудни работи се случуваат(ВИДЕО)

На почетокот на јануари годинава, направени се мерења во средишните слоеви на стратосферата...