Српските медиуми ги објавуваат имињата на загинатите лица во двата верижни судири на автопатот Белград – Ниш во кои животот го загубија најмалку 7 лица, а над 40 се повредени.
Во несреќата животот го загубиле двајца македонски државјани.
Како што јавуваат локалните медиуми, загинатите државјани на Македонија се Бурим Д. и Љуљдим Р. (1981) година.
Во несреќата животот го загубиле и Марија Чајетин (1985) од Белград, Петрик Јан роден 1983 од Војводина. Овие лица загинале во сообраќајката на патот Белград -Ниш.
Животот, во сообраќајната несреќа случена на спротивниот правец Ниш – Белград, го загубила судијката од Апелациониот суд во Крагујевац, Сузана Видановиќ, нејзиниот сопруг Миле Видановиќ, како и возач на товарно моторно возило Пеџа Антонијевиќ (1987).
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.