Според сведочењето на присутните девојчето се удавило денеска на олимпискиот базен Император во Битола од каде ја негираа веста. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јуни, 2019 16:45

НАЈНОВА ВЕСТ: Девојчето не се удавило во базенот Император, туку во базен кој не бил пуштен во употреба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Трагичен ден за Македонија. Дури две големи трагедии ја потресоа цела Македонија. Прво брачниот пар кој загина во Италија, втората трагедија се случила во Битола каде 14-годишно девојче се удави во базен.

14 годишно девојче се удавило во базен во Битола  фото: Пост.мк

Според сведочењето на присутните девојчето се удавило денеска на олимпискиот базен Император во Битола од каде ја негираа веста. 

Ги известуваме сите капачи на олимпискиот базен Император Битола дека немилиот настан на удавено девојче не се случи на нашиот базен.
Се оградуваме од сите невистини на интернет порталите.
Изразуваме сочуство до фамилијата на девојчето и се надеваме дека нема повеќе да има вакви немили настани.

Менаџмент на Олимписки Базен Битола, напишаа на својот Фејбук профил.

Засега не се соопштува идентитетот на девојчето, а според последните објавени информации на тв21 девојчето се удавило во базенот „Довлеџик“ во Битола. Од битолската полиција за ТВ21 потврдуваат само дека има таква пријава, но без повеќе детали.

Овој базен е во сопственост на Јавното претпријатие „Стрежево“, но веќе две години со него стопанисува приватниот концесионер, и ова не прва жртва која настрадала во базенот.

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно