Ние работиме напорно заедно за да го испитаме фавипивавир, антивирусен лек кој има многу потенцијал во борбата против широк спектар на вируси.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 март, 2020 16:41

Индијци имаат лек против Корона- се спрема масовно производство: Се користел и порано против вируси- ЕВЕ КАКО ДЕЛУВА

Фото/Текст извор: ©курир.рс магазин.мк

Индискиот производител на фармацевтски состојки Ласа Супергенекс објави дека започна соработка со Институтот за хемиска технологија со седиште во Мумбаи за да започне со работа на фавипиравир, експериментален лек против новиот коронавирус.

“Ние работиме напорно заедно за да го испитаме фавипивавир, антивирусен лек кој има многу потенцијал во борбата против широк спектар на вируси. Ние ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да добиеме одобрение од Индиската агенција за лекови за да го добиеме на индискиот пазар што е можно поскоро.” рече д-р Омкар Херлекар, извршен директор на Ласа СуперГенерикс.

Фавипиравир е антивирусен лек со широк спектар за прв пат развиен од јапонската компанија Tojama Chemical против РНК вируси, како што се грип, жолта треска, ебола и ентеровирус.

На 20 февруари, во Пекинг со седиште во Сихуан Фармасутик холдингс започна тестирањето на лекот врз пациенти заразени од коронавирус. Слично е и во Јапонија и Јужна Кореја.

На 20 февруари, во Пекинг со седиште во Сихуан Фармасутик холдингс започна тестирањето на лекот врз пациенти заразени од коронавирус. Слично е и во Јапонија и Јужна Кореја.

Д-р Херлекар вели дека се чекаат клиничките податоци во Кина, а веднаш штом ќе бидат примени, за околу 2 недели „Ласа“ ќе започне со студии за биорасположивост и биоеквивалентност пред да побара дозвола за влез во индискиот пазар.

Истражувањата во Кина покажаа дека пациентите третирани со фавипивавир закрепнале побрзо, особено нивните бели дробови.
Трета државна болница во Шенжен спроведе студија на 80 пациенти и 35 го примиле овој лек. Резултатите покажале дека оние кои примале лек 4 дена биле негативни за коронавирус, додека останатите траеле 11 дена.

Кај пациенти кои примаат фавипивавир, белодробната слика се подобрила за 91,43 проценти, наспроти 62 проценти од оние кои не биле во групата.
Студијата на 120 пациенти во универзитетската болница во Вухан покажа слични резултати.

Одредени фармацевтски компании веќе добија лиценци за масовно производство во февруари, а истражувачите препорачаа дека лекот треба да биде дел од терапијата што е можно поскоро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.