Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) синоќа казни и стави клуч на врата на уште пет маркети во Кавадарци, Гостивар и Тетово кои не ја почитуваат одлуката на Владата за „гарантирана цена“.
Директорот на ДПИ, Горан Трајковски се заблагодари до сите граѓани кои пријавуваат неправилности.
Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните – пишува Трајковски на Фејсбук.
Тој порача дека нема да дозволи манипулација со граѓаните, односно потрошувачите.
Викендов пазарната инспекција ги затвори дел од маркетите на трговските синџири „Веро“ и „Вива фреш“ поради непочитување на владината Одлука за намалување на цените за 10 отсто.
Имаме 8 до 10 големи синџири што имаат маркети во речиси секој град во државата, покриваат најголем дел од трговијата, прават најголем промет и логично е што ДПИ токму кај нив ги правеше првите контроли – министерот за економија Крешник Бектеши.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.