Во текот на изминатата недела изминатите 10тина дена се зголемува инциденцата. Најмногу е зголемена инциденцата на нови случаи во Скопје, регионот во Кавадарци и Неготино, Прилеп и Охрид и тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив на пациенти во болниците.

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 март, 2021 21:31

ИНСПЕКТОРИТЕ ИМААТ ЗГОЛЕМЕНИ ИНГЕРЕНЦИИ, СО ИНТЕНЗИВНА РАБОТА СИТЕ ПРОТОКОЛИ МОЖЕ ДА СЕ КОНТРОЛИРААТ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче во денешната изјава за медиуми во врска со засилување на мерките со цел заштита од понатамошно проширување на коронавирусот ги повика инспекторатите да и покрај тоа што притисокот за работа е значително зголемен и за нив, ги употребат зголемените ингеренции и вршат почесто контрола за почитување на мерките и протоколите.

Сепак во угостителските објекти има протоколи и се што треба е само да се почитуваат, а инспекторатите може еве користам да уште еднаш укажам на тоа дека Комисијата за заразни болести апелираше инспекторатите, свесни сме дека се нонстоп на терен и дека е голем притисокот, но колку може да таа работа се интензивира во смисла на контрола и проценка дали се почитуваат препораките или не.

Угостителските објекти работат со протоколи, сосем доволни во својство на стандардните принципи за да се спречи ширењето на болеста, така да ова е сега мерка, ќе видиме каков резултат ќе има, има слободни болнички капацитети и во моментов не е ситуацијата критична и ризична, но секако не сакаме да стигнеме до таму.” – изјави министерот Венко Филипче.

Во болниците се исполнуваат инфективните одделенија, но сепак нема нагол раст како што беше на почетокот на месец ноември минатата година. Сепак, во моментов е тешко да се процени дали и колку ќе биде силен бранот којшто сега се јавува во смисла на зголемени новодијагностицирани случаи.

Во текот на изминатата недела изминатите 10тина дена се зголемува инциденцата. Најмногу е зголемена инциденцата на нови случаи во Скопје, регионот во Кавадарци и Неготино, Прилеп и Охрид и тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив на пациенти во болниците.

Во Кавадарци е целосно исполнето инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница, исто е во Прилеп, а ние гледаме тука во Скопје секојдневно се поголем број на случаи коишто бараат хоспитализација заради што во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно сега се спремни на стенд бај практично сите интерни клиники, тоа го организиравме денеска во текот на утрото онака како што беше во месец ноември.

Ударот кон болниците во смисла на прилив на нови пациенти не е така нагол како што беше на почетокот на ноември и тоа е една значајна разлика, без разлика на зголемувањето на инциденцата и многу е тешко сега да се каже дали ќе продолжи тој тренд или ќе се достигне некое плато односно дали бранот којшто сега се јавува ќе биде идентичен на тој во месец ноември, тука има поделено мислење на епидемиолозите, но ние мора да сме внимателни и спремни и во таа смисла препораката на Комисијата за заразни болести е да има ограничување на движењето после 22 часот поради тоа што сметаат дека навистина има групирање после затворање на угостителските објекти без почитување на превентивните мерки, на јавни површини и простори итн.” – кажа министерот за здравство Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица!

Нови мерки: Полициски час од полноќ, се отвораат фитнес центрите и теретаните

Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги...

За време на посетата на Брисел премиерот Заев ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ.

Европска агенда на Заев: Работни посети на Брисел, Мадрид и Атина, прва посета на кралството Шпанија на премиерско ниво

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, од вчера ги започна европска...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека нашиот единствен пат е кон Европската Унија, која мора повеќе да се ангажира околку обезбедувањето на нашата иднина бидејќи Зоран Заев не е Македонија туку Македонија е народот кој си има европски вредности.

Мицкоски: Нашата европска иднина е загрозена од секој криминален тендер

Христијан Мицкоски во денешното обраќање во Прилеп посочи дека ја живееме денешната...

Датум, впишан со златни букви во историјата на напредна Европа, како датум за паметење на милионите жртви. Датум за чествување на големото дело на прогресивните сили со кое беше поразено најголемото зло - фашизмот, кој по Втората светска војна зад себе остави ужас и рушевини на нашиот континент и во светот.

Нашиот природен дом е Европската Унија меѓу просперитетните европски нации

Денеска одбележуваме еден голем датум за два крупни настани во историјата на Европа...