Како матица на историското образование и наука во Македонската држава од нејзиното основање до денес, чии кадри претставуваат потпора и темел на сите нивоа и сегменти на македонското образование, исполнувајќи ја својата општествена должност и совест, членовите на Институтот за историја едногласно соопштуваат:

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 декември, 2020 11:04

ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА: “КОНЦЕПТОТ“ НА ЦАРОСКА Е СКАНДАЛОЗЕН И ДИЛЕТАНТСКИ – ПОВЛЕЧЕТЕ ГО И ПРЕКИНЕТЕ ГИ СИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ВРСКА СО ПРЕДМЕТОТ ИСТОРИЈА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ:

“КОНЦЕПТОТ“ НА ЦАРОСКА Е СКАНДАЛОЗЕН И ДИЛЕТАНТСКИ – ПОВЛЕЧЕТЕ ГО И ПРЕКИНЕТЕ ГИ СИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ВРСКА СО ПРЕДМЕТОТ ИСТОРИЈА!

Институтот за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“, концептот на министерката Мила Царовска за укинување на предметот историја и негово вклопување во друг предмет заедно со општествени науки го смета за целосно погрешен, скандалозен, нетранспарентен и дилетантски, а тие што го спроведуваат ги смета за некомпетентни и не ја познаваат материјата што сакаат да ја реформираат.

Во соопштението на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје се вели:

Како матица на историското образование и наука во Македонската држава од нејзиното основање до денес, чии кадри претставуваат потпора и темел на сите нивоа и сегменти на македонското образование, исполнувајќи ја својата општествена должност и совест, членовите на Институтот за историја едногласно соопштуваат:

(1) Таканаречениот “Концепт“ што го нуди Министерството за образование и наука е донесен на целосно нетранспарентен начин, без консултација ниту со Институтот или други високошколски установи, ниту со научната и професионалната јавност. Институтот цени дека е скандалозно да се влечат вакви сериозни потези без воопшто и да се информира – а не пак да се побара совет од струката, од која утреден ќе се бара планираното да го спроведе во дело, во училишните клупи.

(2) Идејните творци на концептот не само што немаат компетенции да го реформираат начинот на кој една научна дисциплина се доближува до учениците, туку покажуваат и елементарно непознавање на материјата која мислат дека ја реформираат. Вакви дилетантски потези, како и сите досегашни, се однапред осудени на пропаст.

(3) Таканаречениот “Концепт“ предвидува интегрирање на историјата со науки од сосем различен вид, во миг кога македонската историја, македонскиот јазик, и македонскиот идентитет воопшто, се безмилосно нападнати и однадвор неосновано оспорени. Во еден ваков несреќен момент, секое продолжување на замислената интеграција може да се протолкува како внатрешно институционално содејство со надворешни желби и притисоци.

Со оглед на искажаново, Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје решително го отфрла понудениот “Концепт“ и бара од надлежното министерство и Владата да го повлечат и да ги прекинат сите активности во врска со предметот Историја!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Според Илиоска материјалот за учење ги воведува учениците во истражување и стекнување знаења за себе, училиштето во кое учат, домот во кој живеат и средината која ги опкружува.

Првачињата по општество ќе учат за почитување на повозрасните, на различностите и средината во која живеат

Материјалот за учење по општество за прво одделение е осмислен да ги задоволи интересите...

За оваа намена годишниот буџет е зголемен за 35%. Ова го изјави министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со претставници на студентските и средношколските организации и сојузи кои беа активно вклучени во креирањето на новите политики за стипендирање.

Царовска: Студентските стипендии се зголемуваат на 6.050 денари

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки стипендии...

МОН инвестира над 50 милиони денари во уште две училишта во Ѓорче Петров, а веќе е пуштена во употреба и нова спортска сала во оваа општина.

Царовска: Вложуваме во квалитетни наставни програми и подобри услови во училиштата

Средното училиште „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров добива нова, енергетски...

МОН сериозно се подготвува за успешно спроведување на наставата во услови на пандемија со што ќе се обезбеди континуитет во учењето, но и заштита на здравјето.

Царовска: Се подготвуваме сите ученици од септември да се вратат во училиште

Министерството за образование и наука подготви три сценарија за старт на учебната...