Регистрирани сe 6.867 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 13,4% во однос на минатата недела.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 април, 2021 11:03

ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ – НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД 5 ДО 11 АПРИЛ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 5 до 11 април 2021 биле тестирани вкупно 27.329 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 6.867 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 13,4% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.857; 41,6%), со неделна инциденца – 462,6/100.000. Највисока неделна инциденца од 525,2/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци. Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 16,2 до 29,6%, или во просек 24,3%, со зголемување за 5,0% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=2.106, 30,7%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 (n=1.245; 18,1%), 40-49 (n=1.201; 17,5%), 30-39 (n=1.176; 17,1%) и 20-29 (n=711; 10,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=112; 1,6%) и 10-19 години (n=316; 4,6%).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 6.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 25,7% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 276 смртни случаи од 29 градови, 6,2% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 238 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 8 лица од возрасната група од 40-49 години и 3 лица од 30-39 години.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија почна вакцинацијата против КОВИД19. Заклучно со 11.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.011 здравствени работници со прва доза (4.015 – Pfizer/Biontech и 2.996 – Sputnik V) и 5.857 (3.817-Pfizer/Biontech и 2.040- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 11.04.2021 вакцинирани се 8.330 лица. Од 05.04.2021, пак, почна масовната вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација, вкупно 12.093.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 5 до 11 април, 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%, со намалување за 4,9% во однос на минатата недела.

ИЗВЕШТАЈ ИЈЗ ОД 26 АПРИЛ ДО 2 МАЈ – 39,7% НАМАЛЕН БРОЈ НОВИ СЛУЧАИ И ЗА 20,9% НАМАЛЕН БРОЈ ПОЧИНАТИ – ОПАЃА ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 26 април до...

Вакцинирањето се одвива непречено и организирано согласно протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини.

Започна масовната имунизација во спортската салата „Билјанини Извори“ во Охрид

Денеска официјално стартуваше масовната имунизација во регионалниот центар за вакцинација...

Министерот за здравство воедно порача дека дарувањето крв може да спаси живот, само едно ќесе крв може да го подобри здравјето на три до четири пациенти.

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ДАРУВАА КРВ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ТРУДОТ – 1. МАЈ

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска даруваа крв во...