Започнуваме од денеска, но во деновите коишто следат ќе видите и други примери и други случаи на окрупнување на разни структури во рамките на опозицискиот блок.

Објавил: Стојче Бушин | 13 септември, 2020 14:29

ИНТЕГРА преминува во ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одржа прес-конференција пред партиското седиште заедно со поранешниот потпретседател на Интегра Воислав Зафировски, на која соопштија дека раководните структури на Интегра преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

Започнува процесот на окрупнување на опозицискиот фронт.

Групации, здруженија на граѓани, поединци, политички партии се оние структури коишто ќе го окрупнат и омасоват опозицискиот блок против оваа мафија којашто денеска се наоѓа во Владата, вели Мицкоски!

Започнуваме од денеска, но во деновите коишто следат ќе видите и други примери и други случаи на окрупнување на разни структури во рамките на опозицискиот блок.

Групации, здруженија на граѓани, поединци, политички партии се оние структури коишто ќе го окрупнат и омасоват опозицискиот блок против оваа мафија којашто денеска се наоѓа во Владата, вели Мицкоски!

На прес-конференција со Христијан Мицкоски, тој рече дека во редовите на ВМРО-ДПМНЕ преминуваат и поголемиот дел од членовите на претседателството, носители и координатори на изборни листи и претседатели и членови од општинските комитети на Интегра.

„Деспотскиот однос на лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски и неговата фикција дека тој е пророк и месија пратен од Бог и неговата фикција дека ќе ја спасува Макеоднија на волшебен начин ги сруши сите принципи за кои се боревме и партијата ја претвори во трговско друштво. Ја претвори партијата во некаква секта каде што тој самиот е партијата. Во такви услови ние одбиваме да работиме и да се декларираме како дел од таа Интегра и затоа се определивме да преминеме во ВМРО-ДПМНЕ“, рече Зафировски.

„Испраќаме повик до сите оние десноориентирани политички партии да ни се придружат да направиме блок кој ќе ја реализира онаа идеја која беше присутна уште пред изборите – да се сруши оваа власт која ја обезличи и обесчести Република Макеоднија. Затоа прифативме да бидеме дел од опозицијата, а не дел од власта. Ристовски и Интегра во која и ние дадовме придонес, во изминатиов период одработија за актуеланта власт“, рече Зафировски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Заев, потенцира дека 25.Конгрес е прв конгрес кој доаѓа после изборна победа на СДСМ од позиција на владејачка партија, нешто што се нема случено од 1994 година.

СДСМ покажува одговорност во заштита на јавното здравје

Претседателот Зоран Заев го отвори 25. Конгрес на СДСМ, кој за првпат се одржува дигитално,...

Како што вели тој, и покрај таа „длабоката држава“ во Македонија, сакаме зближување со Бугарија. Гоце Делчев нè обединува, вели Георгиевски.

Георгиевски – Бугарија не сака промена на нашиот Устав и нов Договор

Од Бугарска страна никој не сака промена на нашиот Устав и нов Договор. Ова лично го...

Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети.

Дурловски се повлекува од парламентот: Фотељата боде кога прагмата е поважна од моралот

Пратеникот на “Коалицијата за Обнова на Македонија“ и носител во изборната единица...

Поранешниот премиер најави дека ќе има јавни настапи со цел да разбие некои тези што во моментов се шират во Бугарија и таа да може правилно да го процени однесувањето на македонското раководство.

Георгиевски во Софија на средба со Захариева: Остваривме плодна средба рече министерката!

Лидерот на ВМРО-Народна партија, г-динот Љубчо Георгиевски денеска оствари средба...