
Македонија
Сообраќај
Поради интензивни врнежи од снег од 04:30ч. се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонија Пат.
Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Струга и на планинските превои Стража и Ѓавато. Во Крушево и на планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, пишува курир.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.
ЛОва посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.