На 09.11.2024 околу 02.45 часот во Скопје, во централното градско подрачје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Т. (19) и К.П. (19), двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“, соопштија од МВР.
Веднаш по добиената пријава околу 02.30 часот од Ф.Ф. (22) дека во близина на Собрание на град Скопје две лица со закана со остар предмет му одзеле пари, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Пронајден е и предметот со кој е извршено делото и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнуваат од МВР.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.