- Ниту моите колеги, ниту јас сум можел да претпоставам што се наш познаник прави и како тоа се одразува врз нас. Бојан Јовановски имаше средби со стотици поединци, како сопственик на 1ТВ, но и како претседател на Меѓународниот сојуз каде членуваа многу истакнати општественици, честити луѓе. Иако лично не сум бил дел од таа невладина организација, знам дека добар дел од членовите на истата воошто не би ни помислиле на било какви незаконити дејствија, вели Кирацовски.

Објавил: Весна Петровска | 5 август, 2019 13:47

ИНТЕРВЈУ НА КИРАЦОВСКИ: Случајот „Рекет“ во најмала рака е шокантен – не сум можел да претпоставам што се мојот познаник прави

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Александар Кирацовски во интервју за Фактор ги негираше тврдењата дека вработил негови бслики роднини по државните институции, па разговараше и за актуелниот случај „Рекет“ во кој е осомничен неговиот пријател Бојан Јовановски познат како Боки 13.

– Ниту моите колеги, ниту јас сум можел да претпоставам што се наш познаник прави и како тоа се одразува врз нас. Бојан Јовановски имаше средби со стотици поединци, како сопственик на 1ТВ, но и како претседател на Меѓународниот сојуз каде членуваа многу истакнати општественици, честити луѓе. Иако лично не сум бил дел од таа невладина организација, знам дека добар дел од членовите на истата воошто не би ни помислиле на било какви незаконити дејствија, вели Кирацовски.

Исто така од новинарот на Фактор беше прашан и за тоа зошто бил сменет од фунцкијата генерален секретар на СДСМ кој самиот на Фесјбук се заблагодари.

Интервју на Александар Кирацовски за Фактор

– Тука морам да ве исправам. Јас не бев сменет од функцијата, туку сам ја отстапив, првенствено поради лични причини, а потоа и поради објективни, дел споменати во одговорот на првото прашање. Тежината и обврските на функцијата Генерален секретар во партија која штотуку дошла на власт после 11 години опозиција и борба со режимот, без пардон ја рамнам со првите две општествени функции, каде за разлика од партиската, ја имате поддршката од бројните расположливи кадри која е мошне значајна.Ако сакате добро да ја обавувате, мора да се откажете од многу нешта, трпи и семејството, а ако кон тоа ги додадеме и бројните неоправдани етикети, разно-разни измислици, лажни вести и инсинуации (што од опонетите, што од внатрепартиски ингтриги, присутни во секоја партија) оваа функција станува мошне неисплатлива дури и погубна. Дополнително ќе ви споменам дека целото раководство, независно што победивме на претседателските избори, веднаш после истите од морални причини ги поднесовме нашите оставки, затоа што ценевме дека врвните, а истовремено и најтешки партиски функции, на неколку години, треба да се предаваат како штафета, принцип кој ретко во која партија егзистира. Во СДСМ е изграден принципот на „Штафета“ каде најтешките функции доброволно се предаваатапроксимативно на неколку години, а промената е достоинствена за секого. Дополнително на тоа, јас сум избран пратеник од Битола, ИЕ 6.Невозможно е истовремено да извршувате две сериозно функции, а бидејќи Битола,во овие две години остана само на еден пратеник, мојата неопходност како единствен битолски пратеник беше можеби пресудна да ја изберам пратеничката наместо партиската функција, вели Александар Кирацовски

Актуелен е случајот „Рекет“. Како гледате на овој случај – тој разочара многу граѓани од аспект на нивната доверба во СЈО. Колку случајот Рекет фрли дамка врз законите за правна држава и владеење на правото кога постојат сомнежи дека корупцијата доаѓа од највисоки инстанци?

– Случајот „Рекет“ во најмала рака е шокантен, но за да така лесно се случува пред „очите“ на надлежните институции, сметам дека е олицетворение на рекет-културата којашто како лоша практика се создаде за време на (над)децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, нефункционалноста и разјаденоста на најважните институции во државата како и шпекулативното наместо истражувачко новинарство зачинето со лажни вести кои повеќе и штетат на истрагата отколку што и користат. Но, овој случај, во мошне значаен период доаѓа како тест за функционирањето на правосудниот систем, органите на прогон и владеењето на правото и правната држава, со чие решавање или ќе се загуби или ќе се зацврсти довербата на граѓаните. Јас сум убеден дека ќе бидеме сведоци на второто. На голем дел од јавноста им е чудно, а опозицијата е збуната што оваа власт, за разлика од претходната, не го штити криминалот, не ја гае корупцијата и не рекетира, туку ги лови криминалците, корумпираните и рекетарите, независно кои се. Сметам дека истрагата ќе стави крај на шпекулациите, озборувањата, претпоставките и предрасудите кои се развиваат тогаш кога не се делува. Кон СЈО не смее да се гледа низ призмата на поецинец, независно кој е (иако досега немаме официјална потврда за кого се работи), туку како кон институција во која сите првенствено имаме положено надеж, верба и државни ресурси, нешто во кое сум убеден дека малкумина се подготвени да потфрлат, вели Кирацовски

 

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со многу емоција, заедно со народот подготвена сум да ја понесам тежината на борбата.

Моќна порака на Мизрахи: Должни сме да си ја одбраниме нашата мајка, Македонија- НИЕ СМЕ МАКЕДОНСКИ НАРОД

Како што мечката си го брани своето мече, должни сме да си ја одбраниме нашата мајка,...

-Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности.

Кокаинот во Крушопек стигнал во пратка со банани (фото)

Полициска акција се спроведуваше во селото Крушопек, Сарај, каде е запленета голема...

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...