Музиката, дури и како хоби, заслужува сериозна работа и посветеност. Бидејќи подразбира создавање некаква убавина. Јас така и приоѓам.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 февруари, 2020 18:45

ИНТЕРВЈУ СО ПЕПА ДИМИТРОВА: МУЗИКА ПОТПИШАНА СО КВАЛИТЕТ

Фото/Текст извор: ©магазин

На музичката сцена се појави пред околу 6 години и за тој период зад себе има значаен број на песни и видео записи. Најмногу од нив, балади во кои, вели, најмногу се пронаоѓа. За Пепа Димитрова, предизвик се песните со доминантен вокал и изведбите во живо, бидејќи таму има најмногу што да и понуди на публиката. Околу нејзините музички ангажмани и проектите кои ги подготвува, разговаравме Магазин.мк

Како изгледа твоето музичко патешествие?

Со музиката сум откако знам за себе. Од дете пеев дома, пеев во училиште, одев на хор, а во последниве години, a од 2014-та започнав и со посериозни музички ангажмани. Тогаш ги снимив првите песни и се појавив во ревијалниот дел на Охрид Фест,  ја издадов и песната “После него”, потпишана од Григор Копров и Огнен Неделковски. Зад мене се повеќе од 15 песни, голем број од нив имаат свој видео запис, а деновиве, работам на сосема нов материјал за кој паралелно го обмислуваме и спотот.

Во твоите спотови си секогаш поинаква. Трпиш разновидни трансформации и одлично се снаоѓаш во секоја улога.

Секоја песна си има своја приказна. Како што размислувам како треба да звучи, размислувам и за нејзиниот визуелен пат до публиката. Се трудам да ја доловам и да изгледам во согласност со емоцијата што таа песна ја носи со себе. Воопшто не ми е тешко да се трансформирам, бидејќи да бидеш уметник значи секогаш да знаеш која боја од виножитото што го носиш во себе ти прилега во тој момент. Бои, ноти, емоции… Моја задача е да дадам форма на она што го носам во душата…

Снимаш во студио, но пееш и на фестивали. Што ти е подраго?

Вљубена сум во пеењето, посебно кога имам можност да пеам во живо. Има некаква посебна магија во можноста да ја изнесеш песната пред публиката, веднаш да ја почувствуваш нивната реакција, да видиш дали пулсирате заедно во тој миг. На сцена се чувствувам најубаво. За жал, немаме многу фестивали за забавна музика, па ние, пејачите ја користиме секоја можност да учествуваме на постоечките. Од моите досегашни настапи имам само убави искуства. Иако наградите не се пресудни за тоа колку една песна ќе живее кај публиката, сепак се драга евалуација на сработеното. Во мојата биографија се запишани награди за сценски настап, за интерпретација, запишано е и прво место од публиката. Сепак, уште подраго ми е што моите песни се живи кај слушателите и се надевам дека ќе опстанат уште долго време потоа.

Сакам да слушам онаква музика каква што и самата сакам да изведувам. Сакам музика со душа, со емоција, пред се балади кои носат предизвик во интерпретаторски смисол. Вокалот ми е секогаш во прв план. Обожавам соул и џез, но и рок музика…

Соработуваш со повеќе композитори, текстописци, повеќе продукции за твоите спотови. Што е пресудно при изборот?

Веднаш ќе ви одговорам дека квалитетот е заеднички именител на сите мои песни и спотови. Досега сум соработувала со Григор Копров, Владимир Дојчиновски, Роберт Билбилов, Хрис Марин, Кирил Цветковски, Дамир Имери, Валентино Скендеровски, со Огнен Неделковски, со Игор Џамбазов работевме на материјал кој допрва треба да го види светлото на денот, а во однос на спотовите работев со Фабрика, со Мунлајт, со Алексадар Пауновски и Стојан Стојановски, односно 2С Студио, со Александар Ристовски-Принц… Со еден збор, ја прифаќам соработката секогаш кога ми се нуди квалитетен продукт кој ги задоволува моите критериуми за естетика.

Во моментов, подготвувам нова песна потпишана од Владимир Дојчиновски-Дојчин, за која ќе се работи и спот со Алексадар Пауновски и Стојан Стојановски, 2С Студио. Но за тоа, по тоа. Да не откријам се пред време. Важно е дека сум задоволна од досега сработеното и однапред се радувам на сите идни проекти на кои ќе работам.

Каква музика слушаш приватно?

Сакам да слушам онаква музика каква што и самата сакам да изведувам. Сакам музика со душа, со емоција, пред се балади кои носат предизвик во интерпретаторски смисол. Вокалот ми е секогаш во прв план. Обожавам соул и џез, но и рок музика…

Музиката, дури и како хоби, заслужува сериозна работа и посветеност. Бидејќи подразбира создавање некаква убавина. Јас така и приоѓам.

Слушаш ли македонска музика?

Секако. Во Македонија има навистина добри пејачи и се пее навистина добра музика. Многу ми е драго што пред некоја година, добив покана од Џокси да направам преработка на евергринот „ На Велигден“  во женска варијанта. Дамир Имери го направи аранжманот, Валентино Скендеровски ја испродуцира песната. Добивме многу интересен, освежен продукт во етно џез стил, со женски вокал. И јас и Џокси сме презадоволни од конечниот продукт, а се надевам тоа го мисли и публиката.

Што те исполнува освен музиката?

Секако, семејството. Сопруга сум и мајка на три прекрасни деца. Водиме активен, исполнет живот. И децата сега за сега, сакаат да се занимаваат со музика. Глигор свири на клавир, Елена на виолина. Најмалата Тајана свири на клавир, а неодамна настапи со своја песничка на “Дајте музика”. Талентот за музиката е нешто што е очекувано, бидејќи освен мене, со музика се занимаваше и мојот брат, како клавијатурист во “Гаро и Парамециум”.Сепак, и јас и мојот сопруг сакаме да им дадеме право самите да си го трасираат сопствениот професионален пат. Ние ќе бидеме тука со максимална поддршка за сите нивни чекори.

Покрај музиката, сакам да читам и да спортувам. Како семејство ги обожуваме патувањата. Неодамна се вративме од Рим од каде носиме многу пријатни спомени.

Каква порака сакаш да им испратиш на сите оние кои допрва почнуваат да се занимаваат со музика?

Да веруваат во себе и постојано да работат на својата музичка надградба. Никогаш да не се задоволуваат со просечноста. Во се што работат да го дадат својот максимум. Продуктот што ќе го остават зад себе да има вредност не само ова лето или оваа сезона. Да биде траен запис на кој ќе бидат горди и многу години подоцна.

Музиката, дури и како хоби, заслужува сериозна работа и посветеност. Бидејќи подразбира создавање некаква убавина. Јас така и приоѓам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Васил ќе биде македонскиот претставник кој ќе се обиде во најдобро светло да ја претстави нашата држава на овогодишната Евровизија во Холандија.

Македонија конечно со светски ХИТ: Васил Гарванлиев со моќно видео на ЕВРОВИЗИЈА(видео)

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев ќе ја претставува нашата земја на овогодинашната...

Дино беше најпознат како публицист како музичар, повеќе од актер, бидејќи само неколкупати се обидуваше да дејствува во текот на годините.

Кој беше легендарниот ДИНО ДВОРНИК, хрватскиот КРАЛ на фанкот?

Неговите најзначајни соработки со други музички уметници во неговата земја се оние...