вторник, 4 август 2020

MK/ EN/ DE



Прочитајте неколку интересни факти за германската канцеларка и нејзиниот живот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јули, 2019 18:25

Интересни факти кои не сте ги знаеле за Ангела Меркел

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ангела Меркел е една од највлијателните жени во светот, веќе со години наназад.Многумина би сакала да знаат нешто повеќе за неа и нејзиниот приватен живот, што можеше да се забележи и по нејзиното тресење кога јавноста почна да шпекулира дека таа е сериозно болна.

Во 1977, Ангела Каснер се омажила за студентот по физика Улрих Меркел и го зела неговото презиме. Бракот завршил со развод во 1982. Нејзиниот втор и денешен сопруг е квантен хемичар и професор Јоахим Зауер, кој во голема мерка останал надвор од медиумите. Прв пат се сретнале во 1981, подоцна станала двојка и се венчале на приватна церемонија на 30 декември 1998.Таа нема деца, но Зауер има два возрасни сина од претходниот брак. Меркел е позната по несакањето кучиња.Таа е страстен фудбалски обожавател и била позната по тоа дека ги слушала натпреварите додека била во Бундестагот и е чест гостин на официјалните натпревари на националната репрезенција.

Прочитајте неколку интересни факти за германската канцеларка и нејзиниот живот.

1. Нејзиното моминско име е Ангела Каснер, а презимето Меркел всушност го зела од првиот сопруг.

2. Германците понекогаш знаат да се пошегуваат и да ја  викаат „мама“.

3. Додека студирала, Меркел работела како бармен на студентски диско-забави.

4. Дипломирала физика, а докторирала квантна хемија. Некои велат дека успехот го постигнала затоа што на проблемите им пристапува од научен, аналитички агол.

5. Откако се развела од првиот сопруг, живеела под кирија во мал стан во близина на железничката станица. На нејзиниот 30-ти роденден, татко и’ дошол да ја посети и разочарано и’ кажал „Не си стигнала многу далеку!“

6. Ноќта кога паднал Берлинскиот ѕид во ноември 1989 година, Ангела Меркел имала 35 години. За да го прослави тој голем настан, отишла во сауна, подоцна прошетала малку и испила едно пиво. Брзо се вратила дома за да се одмори, бидејќи утредента бил работен ден. Сите останати во Германија биле во екстаза што траела до зори.

7. Нејзиниот сопруг Јоаким Зауер е професор на Берлинскиот универзитет. Не сака публицитет, па дури не се ни појавил на нејзината инаугурација во 2005 година. Обожава опера и прошетки, а се вози со евтини авионски летови, дури и кога му е дозволено да патува со Ангела во службените авиони. Поради неговиот интерес за операта, а недостигот на интерес за јавноста, Германците го викаат „фантомот од операта“.

8. Меркел е добра готвачка. Обожава да прави колачи од сливи и често може да се види како пазари во супермаркет. Има обичај наутро да му направи појадок на својот сопруг.

9. Се зборува дека живее под кирија со својот сопруг, професор по квантна физика, и дека обожава да готви чорба од компири.

10. Уште во 1995 година ја каснало куче и тогаш развила голем страв од ова животно. Се зборува дека Путин за време на службените посети на Меркел, често ја запознавал со неговите домашни миленици, кучињата.

11. Меркел обожава фудбал и често влегува во машките соблекувални за да им честита за победата на германските репрезентативци. Се зборува дека за време на една таква изненадна посета, случајно го видела Бастијан Швајнштајгер гол!

12. Последните месеци се забележува исклучително лошата здравствена состојба на Ангела Меркел. За време на службена посета, канцеларката ја обзела грозница, која била видлива и траела прилично долго. Германците се сомневаат дека Ангела или има рани знаци на Алцхајмер или Паркинсонова болест.

13. Таа пред два дема го прослави својот 65-ти роденден.

Извор Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Веќе е речиси извесно дека училиштата во земјава, каде бројот на деца е многу мал ќе имаат редовна настава со секојдневно одење во училиште, единстевно што треба да договорат е како ќе работат оние училишта каде има огромен број деца во паралелките.

ШКОЛИТЕ СО МНОГУ ДЕЦА ВО КОМБИНИРАНА НАСТАВА, ОСТАНАТИТЕ РЕДОВНО ВО ШКОЛО?

Претставнивници од Министерството за образование и наука, денеска и утре на состанок...

Марија Магдалена од страна на Римокатоличката црква, од Православната црква и од Англиканската црква се смета за светец. Нејзиниот празник се чествува на 22 јули. Таа исто така се чествува и од страна на Лутеранската црква.

Денеска е Света Марија Магдалена- На овој празник жените мора да одат во црква и да се помолат!

Денеска се празнува Марија Магдалена или Марија Магдала во апокрифите од Новиот...

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Поднесени две кривични за забавите на Градиште!

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и...