Од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ

Објавил: Калина Мартинска | 7 февруари, 2025 15:19

Интерпелација за Весна Дамева: „Го наруши угледот на судиите“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Недоследно спроведување на надлежности, негрижа, нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и целиот правосуден систем, односно судството во целина е причината за денеска поднесената интерпелација од група пратеници за Весна Дамева, и други членови на Судскиот совет.

Весна Дамева за член на Судскиот совет беше предложена од поранешниот претседател на Македонија Стево Пендаровски. Таа беше и претседателка на Судскиот совет. Данева, како и другите членови на Судскиот совет беше избрана од Собранието.

Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа иницијатива за изгласување недоверба (интерпелација) за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од законодавниот дом. Од 15 членови на Судскиот совет, во Собранието се избираат петмина, од кои двајца се на предлог на претседателот на државата. Во актуелниот состав тоа се Весна Дамева, Татјана Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа иницијатива за изгласување недоверба (интерпелација) за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на законодавниот дом. Од 15. членови на Судскиот совет, во Собранието се избираат петмина, од кои двајца се на предлог на претседателот на државата. Во актуелниот состав тоа се Весна Дамева, Татјана Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција потсети дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаше против Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година и тој не беше усвоен од страна на Сoбранието.

 

 

„Тоа доволно говори и е само една од многуте причини поради која што денеска ја поднесуваме оваа интерпелација. Европската унија и јавноста во Македонија постојано укажуваат на сериозни недостатоци во работата на Судскиот совет, особено во односот на независноста, транспарентноста и отчетноста. Овие забелешки се од клучно значење за процесот на реформи во правосудствниот сектор и напредок на земјата кон членството во ЕУ“, рече Мицевски.

Потенцира дека досега очекувале Судскиот совет сам да покрене иницијативи за разгледување на Извештајот.

„Имено член 100 став 8 од Законот за Судски совет предвидел дека доколку Собранието не го усвои Извештајот за работата на Судскиот совет, тоа ќе биде основа за поведување расправа пред органите кои што ги избрале членовите на Судскиот совет за нивната работа во советот. Имено, согласно тој член сами требале да ја почнат работата за разгледување на негативниот извештај кој дошол од Собранието, кој бира пет од 13-те членови од самиот совет. Мораме да најдеме некој тригер да почнеме со одредена иницијатива, нас законот ни го дава тоа за дел од членовите кои што ние ги имаме избрано во Собранието. По изгласувањето на интерпелациите, ќе ги видиме следните чекори од страна на Судскиот совет“, рече тој.

Според Мицевски, решавањето на овие предизвици е непходно за враќање на довербата во судскиот систем и за зацврстување на владеењето на правото.

„Судскиот совет кој што е клучна инситуција за функционирањето на правната државаи одржувањето на владеењето на правото во Македонија. Затоа, секоја сенка на сомнеж  во работата на неговите членови мора да биде темелно анализирана, а јавноста треба да биде уверена дека Советот работи чесно, професионално и во интерес на граѓаните. Наша цел е да дадеме придонес и да направиме се што е во рамките на нашите уставни и деловнички надлежности и можности за да овозможиме подобар, поефикасен и независен правосуден систем кој што ќе значи и ќе донесе голема правда за секој еден граѓанин на Македонија подеднакво“, рече Мицевски.

Упати порака дека е време да се воведе ред во „руинираниот македонскиот правосуден систем“ преку сериозни реформи и коренити промени кои, како што рече, „ќе значат почеток на крајот на досегашните злоупотреби, неправди, разочарувања и негативни пракси во судството во Македонија“.

Побара поддршка од сите опозициски парламентарни партии и сите други пратеници за овие измени.

Од 15. членови на Судскиот совет, во Собранието се избираат петмина, од кои двајца се на предлог на претседателот на државата. Во актуелниот состав тоа се Весна Дамева, Татјана Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.