Директорот на Интерпол Менг Хонгвеј исчезнал откако заминал во Кина, пријави неговата сопруга, по што француската полиција покрена истрага.
Сопругата Хонгвеј, која живее во Лион, Франција, каде е и седиштето на оваа меѓународна полициска огранизација, ја повикала полицијата, затоа што немала контакт со сопругот откако тој кон крајот на септември заминал за Кина.
На сајтот на Интерпол, стои дека Менг, пред функцијата во Интерпол, бил заменик министер за јавна безбедност.
Менг Хонгвеј во ноември 2016 година е избран за претседател на Интерпол, меѓународното тело кое и помага на полицијата ширум светот во истраги за кои е потребна соработка на полицијата од повеќе земји.
Тој претходно бил заменик министер за јавна безбедност во Кина и директор на Крајбрежната стража. Мандатот на претседателство на Интерпол му истекува во 2020 година, пренесе Индепендент.
Активистите за човекови права, пред две години кога Хонгвеј ја презеде функцијата претседател на Интерпол, изразија загриженост поради неговата блискост со кинеската влада.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.