Поскапи производи

Објавил: Калина Мартинска | 7 јуни, 2024 18:50

Инфлацијата во земјава месецов со нагорен тренд

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Минимален раст на инфлацијата во мај во однос на претходниот месец. Според статистиката минатиот месец изнесува 4,5 проценти во однос на истиот месец претходната година.

Поголем раст е забележан кај цените на мало. Тука зголемувањето е 5 отсто.

За една година најголемо зголемување на цените има кај овошјето за 22 отсто, потоа шеќерот, чоколадите, медот, кај зеленчукот, млекото, сирењето, јајцата, лебот и житата.

Скок на цената од 5,6 отсто има и кај алкохолот и тутунот, кај облеката и обувките, мебел, покуќнина, но и кај здравствените услуги.

Транспортот поскапел за 10,3 проценти, ресторанските и хотелските услуги 8,5 отсто.

Според надлежните институции цените во следниот периот ќе бидат стабилни без поголеми скокови, но предупредуваат дека и натаму постојат инфлаторни ризици поради глобалните случувања.

Експертите велат причината за ваквата состојба е прекинот на мерките на Владата за замрзнати цени. Универзитетскиот професор Абил Бауш е со оптимистички очекувања и закрепнување на економијата во наредната година.

Минималното зголемување на инфлацијата на месечно ниво од 0,9% според статистика се должи на растот на трошоците за храна и безалкохолни пијалаци, транспортот, а скапи се излегувањата и рекреацијата. За еден месец, за 0,1 процент повисоки се и трошоците за струја, вода, домување, гас и други горива.

На едно четири-члено семејство за да го преживее месецот според последните пресметки на ССМ, потребни му се над 1.000 евра, најмногу од тие пари или нешто речиси околу 22.000 денари се даваат само за храна и пијалаци.

Според надлежните цените во претстојниот период ќе бидат стабилни, но и натаму предупредуваат дека и натаму постојат инфлаторни ризици, поради глобалните случувања.

За разлика од кај нас цените во европските земји многу побрзо реагираат на промените и се поблиску до реалната состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули се уште е неизвесно.

Мрежарината за струјата може да се намали во декември- ако малите фирми одат на слободен пазар тоа ќе биде олеснување за сите

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули...