Овој пораст на инфлацијата се должи на порастот на цените на бензините од 1,2 проценти минатиот месец во споредба со август, со што цената на тоа гориво достигна 42,1 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Објавил: Сара Фемина | 15 октомври, 2021 7:03

Инфлацијата во САД највисока од 1991 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Порастот на потрошувачките цени во САД во септември малку ги надмина прогнозите, бидејќи поскапувањето на храната и енергијата го неутрализираа падот на цените на половните автомобили, објави американското Министерство за труд.

Инфлацијата се зголеми за 0,4 проценти на месечно ниво во септември, достигнувајќи 5,4 проценти на годишно ниво, што е највисоко ниво од јануари 1991 година.

Аналитичарите на Доу Џонс прогнозираа месечен раст на инфлацијата од 0,3 проценти и меѓугодишен од 5,3 проценти.

Основната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, се зголеми во септември за 0,2 проценти во споредба со претходниот месец, додека во однос на септември 2020 година, се зголеми за 4,0 проценти.

Овој пораст на инфлацијата се должи на порастот на цените на бензините од 1,2 проценти минатиот месец во споредба со август, со што цената на тоа гориво достигна 42,1 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Цената на мазутот се зголеми за 3,9 проценти и е повисока за 42,6 проценти во споредба со претходната година.

Значителен раст минатиот месец е забележан и во цените на храната, при што намирниците за подготовка на оброци дома се зголемија за 1,2 проценти.

Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека ФЕД и другите водечки централни банки треба да подготват планови во случај инфлацијата да се покаже како поупорна од проценетата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Според статистичките податоци на Европската канцеларија за азил, во август, поднесени се 1.400 барања од албански граѓани, што е зголемување за 46 отсто во споредба со јули и повеќе од двојно во однос на јуни.

Албанските граѓани најбројни баратели на азил во ЕУ од земјите во регионот

Во текот на изминатото лето се бележи рекордно зголемување на бројот на баратели на...

Претходно, немаше ниту еден ден без смртни случаи од Ковид-19 од 2 август 2020 година, според националната телевизија НХК. Во саботата, сепак, беа регистрирани три смртни случаи.

Јапонија без ниту еден смртен случај од Ковид-19 првпат по 15 месеци

Јапонија во неделата не забележа ниту еден смртен случај од Ковид-19, првпат по повеќе...

Затворањето, во кое се дозволени само основни продавници, како аптеки и супермаркети, а училиштата и државните градинки се затворени, доаѓа за време на еднонеделното затворање на компаниите низ целата земја од 30 октомври.

Москва воведе „локдаун“, луѓе во заштитни одела ги дезинфицираат улиците

Рускиот главен град Москва денеска ги воведе своите најстроги мерки за „локдаун“...