Заради спречување на тепачката, како што информираат од МВР, полицаецот со службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, пришто тепачката престанала.

Објавил: Стојче Бушин | 1 август, 2020 13:33

ИНЦИДЕНТИ ВО КРУШЕВО: На Гумење се тепале коњаници од Лисиче

Фото/Текст извор: ©Makfax

На Гумење, во Крушево ноќеска се тепале коњаници од Лисиче, а полицаец пукал во воздухот да ги смири.

Како што јавија од МВР, полицискиот службеник кој вршел патролна служба на Гумење, забележал тепачка помеѓу лице од Крушево од едната страна, и петмина скопјани од коњаницата Лисиче од другата страна. Тие меѓусебно си размениле по неколку удари.

Заради спречување на тепачката, како што информираат од МВР, полицаецот со службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, пришто тепачката престанала.

Со реакција за случајот се огласи и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски. Тој вели дека имало повеќе нарушувања на јавниот ред и мир со карање, физички напади, меѓусебни тепачки, групирања, забави, а со тоа и непочитување на мерките, препораките и протоколите. Вели дека во таа насока се преземени соодветни мерки против сторителите.

Христовски ги повика граѓаните, особено коњаницата на мирно и достоинствено чествување на празникот „Илинден“.

„Во Крушево нема место за насилници, вандали и нивно нечовечко однесување со демонстрирање сила или моќ врз мирното население во пресрет на празникот“, додава тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

(19) и сопатник К.М.(21), кои побегнале од местото. По насока на Јавен обвинител двете лица се пронајдени, приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Спасовски: Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат

Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се...

Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади.

Филипче: Најостро го осудувам нападот на лекарот, нема оправдување за насилство

Лекар кој бил дежурен на Клиниката за  токсикологија вчера попладне бил нападнат...

Лекарскиот тим ја следи состојбата и се консултиураат, за да утврдат дали има потреба од оперативни зафати.

ПОЗНАТА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСОЈБА НА ПАЛЕВСКИ: Две маскирани лица со шипки брутално го тепале до смрт!

Претепаниот Љупчо Палевски – Палчо од непознати лица пред неговата куќа има неколку...