
Македонија
Инциденти
Вчера вечер, околу 21ч, Жарко Симески, директор на болницата во Македонски Брод и брат на пратеничката Анета Симеска-Димоска (СДСМ), имал физичка пресметка со негов сограѓанин во самопослугата “Герман“, во близина на здравствениот дом. Според информациите кои стигнаа до Магазин од жител на М.Брод, директорот Жарко најпрвин почнал вербална расправија со неговиот сограѓанин Игор Т., кон кого имал лична нетрпеливост заради поинакви политички ставови. За кратко време вербалната расправија прераснала во физичка пресметка, при што директорот Жарко Симески, за кого се сомневаат дека во моментот бил под дејство на алкохол, почнал физичка пресметка со Игор Т. Вработените во самопослугата, неможејќи сами да ја спречат тепачката, повикале полиција која пристигнала на лице место за петнаесетина минути. Нема информации дали полицијата направила записник за настанот, дали е направен алко-тест за директорот на болницата Жарко Симески и за неговиот сограѓанин, ниту дали против некого ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инаку братот на пратеничката Анета Димовска Симеска од позиција приватен стоматолог е именуван за директор на здравствениот дом во текот на нејзиниот мандат, па сега се води истрага за случајот пред анти-корупциската комисија. Но, тоа не е се. Имено братот на пратеничката, Жарко Симески, како директор на здравствениот дом во Македонски Брод сам си распишал оглас за вработување, на кој сам себе се пријавил и се вработил. Тоа не било доволно, па си добил и специјализација, а неговата стоматолошка ординација од претходно кај што работел станала концесионер на просториите во болницата каде сега тој е директор. Ова е пример за непотизам, но и сериозен сомнеж за злоупотреба на службена должност на директорот Жарко Симески.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.