Директорот нагласува дека вакви инциденти се случуваат секој втор ден во болницата, оти еден човек како обезбедување е немоќен кога пред него ќе се појави голема група. Неофицијално во инцидентот има и приведени. Од МВР најавија дека дека подоцна ќе соопштат детали за целиот инцидент.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 септември, 2019 11:16

Инцидент во Градска болница: Нападнати доктори и полицајци, болницата затворена

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поголема група луѓе ноќеска нападнала вработени во старата Градска болница во Скопје, а се пресметале и со полицијата која била повикана за помош, дознава А1он. Во болницата бил донесен пациент со исекотина на раката, а веднаш по него во болницата упаднала групата која напаѓала се пред себе.

Се случила голема тепачка, нападнат бил персоналот, обезбедувањето, а потоа и полицијата која била повикана за помош. Групата напаѓачи била голема, немаме точна бројка, пациентот за кој се бореле имал повреда на раката. Инцидентот се случил по полноќ околу 2-3 часот по полноќ. Болницата била затворена за пациенти за да не се случи уште некој инцидент. Јас утрово кога дојдов на работа побарав да биде повторно отворена болницата и веќе вообичаено се примаат пациенти, изјави за А1он, Иван Спировски, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Директорот нагласува дека вакви инциденти се случуваат секој втор ден во болницата, оти еден човек како обезбедување е немоќен кога пред него ќе се појави голема група. Неофицијално во инцидентот има и приведени. Од МВР најавија дека дека подоцна ќе соопштат детали за целиот инцидент.

Утрово затворена врата на Градска најдоа многу пациенти, а во паника беше и персоналот во болницата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Висината, сумата на надоместокот не се открива бидејќи е службена тајна и се исплатува врз основа на доверливи договори потпишани со сите чија задача е преслушување на бомбите, односно нелегално снимените телефонски разговори.

КОД открива: Јанева земала плата од 105.000 денари плус таен надоместок, Јовевски 80 илјади денари

Шокантни детали откива емисијата „Код“ за специјалните јавни обвинители, кои добивале...

Во Кавадарци не издржала ниту 2 часа, а во Неготино целосно исчезнала за 24 часа, а за Прилеп до сега нема информација дали револтираните граѓани извршиле герилска акција.

Двојазични табли во Неготино, Кавадарци и Прилеп – ВЕТУВАЊЕТО НА ЗАЕВ НЕ ВАЖИ!

Покрај Неготино, двојазичните табли биле поставени на Фондовите за пензиско и инвалидско...