Нервозаната пратеничка од масата кај нејзината колешка ја тргнаа неколку пратеници од ВМРО ДПМНЕ.

Објавил: Мартин Попоски | 16 февруари, 2020 14:59

ИНЦИДЕНТ ВО СОБРАНИЕ, ЛЕТАА ТЕЛЕФОНИ ОД МАСА: Пешевска се нафрли на Нола Исмајловска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се враќаа по пленарната сала пред почетокот на 137. седница на Собранието, се случи вербален инцидент во собранието.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевкса и пратеничката од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Нола Исмајлоска-Старова и се скараа откако пратеничката Старова посочи дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Пешевска, гласале за Законот за служба во Армијата, во кој на името на армијата се додава додавката „Северна“ од името.

„Како не ти е срам да ми го споменуваш името“, рече Пешевска и и го турна телефонот на Исмајлоска-Старова.

Нервозната пратеничка од масата кај нејзината колешка ја тргнаа неколку пратеници од ВМРО ДПМНЕ.

Реакцијата на Пешевска следуваше по настапот на Исмајлоска-Старова од говорницата во која изјави зошто шестемина пратеници од оваа група ќе го поддржат законот за одбрана.

Таа рече дека се креирала лажна слика дека се гласа за промена на името на Армијата, а не за усогласување потребно заради зачленувањето во НАТО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Пожарникарите од скопската бригада се на терен и работат на гасење на пожарот. Како што претходно информираше „Република“ на лице место пристигнал и трет противпожарен камион.

Пожар во стан во скопската населба Ново Лисиче- пожарникарите ги извлекуваат станарите

Претпладнево изби пожар во два стана во зграда спроти ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската...

Тројцата напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани се наоѓа вон животна опасност.

ПУКАЊЕ ВО ВЕЛЕС: Полицаец застрелан со четири куршуми додека бил во контрола

Денеска околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски...

МВР информираше за несреќата во која се повредени над 20 патници при судир на автобус и автомобил.

СТРАШНА НЕСРЕЌА КАЈ КУМАНОВО: Автобус се заби во автомобил – 20 лица повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на автопатот Куманово- Табановце, има повредени. МВР...