Локалниот огранок на турските власти надлежни за верски прашања го потврдија овој инцидент и најавија отворање на внатрешна истрага и доставување извештај до полицијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2020 11:01

ИНЦИДЕНТ ВО ЏАМИЈА: Од минарето ечеше песната “Bella Ciao”- хакиран системот за молитва, турските власти збеснаа!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Sputnjik

Турските власти покренаа истрага откако во Измир беше хакиран системот преку кој се повикуваше на молитва, па така вчера вечер од минарињата на неколку џамии можеше да се слушне италијанската антифашистичка песна „Чао Бела“.

Таа песна се емитуваше наместо повикот за молитва кој се слуша од џамиите пет пати на ден.

Локалниот огранок на турските власти надлежни за верски прашања го потврдија овој инцидент и најавија отворање на внатрешна истрага и доставување извештај до полицијата.

„Бела Чао“ се емитуваше откако „непознати лица извршиле саботажа и нелегално го хакирале системот за повик на молитва“, се вели во соопштението.

Обвинителството во Измир отвори истрага за инцидентот, во кој ќе бидат вклучени корисници на социјалните мрежи осомничени за „негирање на верските вредности“. Портпаролот на владејачката партија, Омер Челик, остро го осуди инцидентот на Твитер и изјави дека сторителите ќе бидат пронајдени.

Инцидентот се случи во екот на светиот месец, кога се празнува големиот муслимански празник Рамазан, во време на постот и во моментот кога џамиите биле затворени поради пандемијата на вирусот корона.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Сепак, Папата посочи дека Свети Петар бил најубедлив и најдобар кога тој лично проповедал и затоа денес новинарите и комуникаторите треба да направат повеќе за да дојдат до луѓето подиректно во потрага по информации од „прва рака“.

Папа Фрањо: Ако Свети Петар беше жив, тој сигурно ќе испраќаше пораки преку Твитер

Ако Свети Петар беше жив денес, тој сигурно ќе испраќаше пораки преку Твитер и електронска...

Треба да се стори повеќе. Затоа претседателот го инструира националниот тим за безбедност да ја изврши оваа анализа во текот на вториот ден од функцијата", рече Псаки.

ЏО БАЈДЕН ОДМА СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА: Побара од безбедносните служби да ја проценат заканата за насилен екстремизам во САД

Американскиот претседател Џо Бајден побара од безбедносните и разузнавачките служби...

На прес-конференцијата, главниот научен советник на британската влада, Патрик Воленс, потврди дека постојат докази дека новата варијанта на вирусот носи поголем ризик од смртност, објави Ројтерс.

БРИТАНСКИОТ СОЈ НА КОРОНА Е ПОСМРТОНОСЕН ОД ПРЕТХОДНИОТ: Џонсон тврди дека се шири побрзо!

Новиот вид на коронавирус што е откриен во Велика Британија може да биде поубиствен...