Чајлане е село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.

Објавил: Македонка Димкин | 11 февруари, 2020 12:03

ИНЦИДЕНТ: Избоден тинејџер во градски автобус, животот на конец!

Фото/Текст извор: ©МВР / магазин

Oд Градската општа болница „8 Септември“ вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај нив било примено лице со убодна рана од остар предмет.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за Ш.М.(18) од с.Чајлане, скопско.

»Според пријавеното, околу 15.00 часот во с.Бојане, на автобуска постојка во автобус влегол Ј.Н. од с.Бојане и со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата надколеница, информира МВР.

Чајлане е село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 580 жители. Од нив тројца се доселеници од Босна а останатите 577 жители се Македонци од албанско потекло.


Минатата година во Август 2019 , седумнаесетгодишно момче го загуби животот откако по расправија која продолжила во физичка пресметка бил прободен со нож од негов врсник.
Напаѓачот е пронајден и приведен во полициска станица.
Од полицијата информираат дека 35 минути по полноќ во СВР било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“ во скопската населба Лисиче имало расправија меѓу неколку лица со А.Т (18), кој бил во друштво со К.Д (17), која продолжила и со физичка пресметка.
– Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х.(17), кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што починал, појаснија од МВР.
Полицијата го пронашла и привела А.Т. и работи на расчистување на случај.
Откриен идентитетот на убиеното момче: Кошаркар на МЗТ Скопје
Седумнаесет годишниот кошаркар на МЗТ Скопје, Никола Христовски, кој играл за кадетите и јуниорите на „штрковите“ е тинејџерот кој на 13 Август 2019 смртно настрада во тепачка во скопската населба Аеродром, откако бил избоден со нож од една година постар тинејџер

Статистиката вели дека двајца малолетници на возраст од 16 години се избодени во Железара 2014, а инцидентот бил пријавен околу 21.50 часот од Ургентниот центар каде биле згрижени момчињата. Група непознати лица ги нападнала двете момчиња, а едниот од напаѓачите употребил и нож.

Еден малолетник бил избоден во стомакот, додека другото момче добило убод во нога. Ранетото момче во стомакот синоќа е оперирано во Ургентниот центар.

Истата година во Чаир на улица „Џон Кенеди“ 34 – годишен скопјанец бил нападнат од засега непознато лице. Напаѓачот со нож го избодел во вратот и побегнал. Повредениот е префрлен во болница каде веднаш му е извршена хируршка интервенција. Полицијата суште  не зела исказ од него поради сложената операција.

Избоден истата вечер имало и во населба Аеродром на булеварот „Јане Сандански“. 24 -годишно момче е избодено со нож, а претходно напаѓачот прво му викал, а потоа се нафрлил на него и почнал да го тепа. Полицијата трага и по овој непознат сторител.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Пожарникарите од скопската бригада се на терен и работат на гасење на пожарот. Како што претходно информираше „Република“ на лице место пристигнал и трет противпожарен камион.

Пожар во стан во скопската населба Ново Лисиче- пожарникарите ги извлекуваат станарите

Претпладнево изби пожар во два стана во зграда спроти ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската...

Тројцата напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани се наоѓа вон животна опасност.

ПУКАЊЕ ВО ВЕЛЕС: Полицаец застрелан со четири куршуми додека бил во контрола

Денеска околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски...

МВР информираше за несреќата во која се повредени над 20 патници при судир на автобус и автомобил.

СТРАШНА НЕСРЕЌА КАЈ КУМАНОВО: Автобус се заби во автомобил – 20 лица повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на автопатот Куманово- Табановце, има повредени. МВР...