Видео на кое се гледа како жена е жртва на насилство во Скопје, се рашири на социјалните мрежи.
Имено жената беше жртва на насилство во главниот град Скопје, во непосредна близина на Пластичарската улица.
Видеото од ваквиот немил настан е објавено на социјалната мрежа Твитер каде во описот стои дека мажот кој ја нападнал оваа жена бил таксист, но овие информации се неофицијални.
На почетокот на видеото изгледа како жената да сака да направи штета на автомобилот, а потоа насилникот доаѓа и жестоко ја турка, а при тоа никој не и помага додека лежи доле на асфалтот.
Раскрвавена во носот и на грбот веќе била еднаш на асфалт. Веројатно таксистот манјак веќе бил тргнат на страна, па оваа се одмаздува на колата, после што следи уште еден нокаут. Понежниот пол се бранеше, едноставно. Оваа случка има и претходница. таксистот дотрча од некаде, а колата му стоеше на семафор. Зошто никој не ги спречува и двајцата? се само дел од коментарите под видеото кое беше поставено на Твитер.
Погледнете го видеото:
Кај живеете еј луѓе?
2693 vs патничка. pic.twitter.com/qaBvdi3rCh
— Ја Ничарче (@JaNicharce) July 25, 2019
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.