Целиот свој работен век тој го помина во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 јануари, 2021 4:42

ИН МЕМОРИАМ: Почина хирургот и професор д-р Драгослав Младеновиќ од болницата „Св. Наум Охридски“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Колективот на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ информира дека починал нивниот колега, професор д-р Драгослав Младеновиќ.

Денеска околу 17 часот не напушти нашиот драг и почитуван колега професор д-р Драгослав Младеновиќ.
 
Целиот свој работен век тој го помина во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје.

Беше редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, автор на бројни трудови од областа на дигестивната хирургија и учесник на бројни конгреси и симпозиуми во земјата и странство, соопштуваат од болницата!

Пријателите и познаниците ќе го паметат како човек со големо срце, постојано подготвен да помогне било кому и било кога.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и му се радуваше на животот, вели Мартин Белчовски од селото Русиново, беровско, за својата сестра Верица, која на само 20 години го загуби животот, но нејзинот срце по синоќешната трансплантацијата почна да чука во друг млад живот.

(ФОТО)Ова е преубавата Верче, кое семејството ги донираше нејзините органи да се спасат други животи

Срцето и беше полно со живот, така ќе продолжи да чука – Која е Верче чие срце и бубрези...

Неговата работа започна како пионер во медиумски простор по осамостојувањето на Македонија. Радио „Канал 77“, кое годинава ја одбележува 30 годишнината од постоењето, започна со работа на 4 октомври 1991 година, како прв приватен комерцијален радиодифузер.

ПОЧИНА ГОРАН ГАВРИЛОВ, СОПСТВЕНИК НА НАЦИОНАЛНОТО РАДИО КАНАЛ 77

Вчера по кусо боледување почина Горан Гаврилов (54), основач и соственик на Радио Канал...

Немаше да биде покоен ако Интерното одделение од Болницата во Битола покажеше барем малку грижа и основна хуманост. Го однесовме на нозе, за 10 дена со амбуланта кола ни го дадоа едвај жив.

Потресно сведоштво на братот на музичарот Ице: Дали некогаш нешто ќе профункционира во Македонија?

Пред малку на фејзбук се огласи братот на почитаниот музичар Борче! Мојот брат Ице...