Иран подобро се справи со заканите што ги предизвикува вирусот корона од европските земји, рече иранскиот претседател Хасан Рохани.
– Кога велиме дека состојбата во нашата земја е подобра отколку во Европа, многу ги вознемирува многумина. Да, подобро е. Ние подобро се справуваме со овој проблем од вас – рече Рохани.
Според него, причината е што неговата земја поседува „добар човечки капитал, квалификуван медицински персонал, поддршка на информации и воени сили“, како и солидарност на сите делови на општеството.
Според последните информации на иранското Министерство за здравство, досега во земјата се заразени 70.029 лица, од кои најмалку 4.232 починале.
Соединетите Американски Држави од денеска се земја со најголем број починати лица од ковид-19, јавува агенцијата „Ројтерс“. Вкупниот број на регистрирани смртни случај од вирусот ја надмина границата од 20.000.
Во последните четири дена во САД се забележани рекордни смртни случаи.
Во земјата се евидентираат по околу 2.000 починати лица од коронавирусот на ден, а најголем број е во градот и државата Њујорк.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.