Портпаролот на иранската влада, Али Рабиеи на конференцијата за новинари го отфрли тоа и порача дека владата дури во петокот била информирана дека украинскиот „Боинг 737-800“ бил соборен од армијата.

Објавил: Валерија Петрова | 13 јануари, 2020 22:18

ИРАН: Авионот не е соборен намерно и за тоа не се обдовме да ЗАТАШКАМЕ! КАНАДА БЕСНА!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Иранската влада денес ги отфрли обвинувањата дека се обидела да го заташка тоа што армијата го соборила украинскиот патнички авион кај Техеран, несреќа во која загинаа 176 патници и членови на екипажот.

Портпаролот на иранската влада, Али Рабиеи на конференцијата за новинари го отфрли тоа и порача дека владата дури во петокот била информирана дека украинскиот „Боинг 737-800“ бил соборен од армијата.

„Со сигурност можам да кажам дека претседателот Хасан Рохани како шеф на врховниот совет за национална безбедност не знаеше за тоа до петокот во попладневните часови“, изјави портпаролот на иранската влада.

Иран во саботата призна дека армијата „ненамерно го соборила“ украинскиот патнички авион, нагласувајќи дека станува збор за човечка грешка. Во соопштението на иранската армија беше наведено дека по грешка било проценето дека патничкиот авион е непријателска мета, затоа што авионот завртил кон „чувствителен воен центар“ на Револуционерната гарда.

„Во тие услови, поради човечка грешка, авионот беше ненамерно погоден“, стои во соопштението и се додава дека сите одговорни за несреќата ќе бидат изнесени пред судот.

Од иранската армија упатија извинување и нагласија дека ќе ги усовршат своите против-воздушни системи за во иднина да се спречат вакви трагедии.

Иранците признаа откако се поголем број на експерти изразија сомнеж дека авионот се срушил поради дефект на моторот како што беше соопштено од иранските власти веднаш по падот на авионот. На фотографиите од местото на несреќата можеше да се види дека деловите од авионот се пробиени со шрапнели кои излетуваат од експлодирана ракета. Канада е бесна бидејќи поголемиот дел од патниците се канадски државјани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Најпрво тој ја изгуби титулата „негово кралско височество“, воените титули и голем број јавни повластици, а сега ја губи и кралската воена униформа.

НОВ ШАМАР ЗА ХАРИ ОД КРАЛИЦАТА: Елизабета Втора даде НАРЕДБА за уште една забрана! Драма во кралството!

Кралицата Елизабета е гневна поради одлуката на нејзиниот внук принцот Хари да се...

Меган и јас се упатуваме кон непознато, но навистина немавме друг избор, рече принцот Хари на првото појавување во јавноста, откако го објавија заминувањето од службените должности во британското кралско семејство.

ЕМОТИВЕН ГОВОР НА ПРИНЦОТ ХАРИ: Британија е мојот дом и место кое го сакам – тоа нема да се промени! ЈАС НЕ ОДАМ НИКАДЕ!

Емотивен говор на принцот Хари по неговата одлука за откажувањето од своите кралски...

Папата Франциско по многу работи се разликува од претходно избраните. За првпат во историјата на црквата, еден бискуп го зема името Франциско, но и за првпат езуит е избран за папа, односно е прв папа кој доаѓа од Латинска Америка.

Папата Франциско крсти 32 бебиња во Сикстинската капела

Папата Фрањо денеска крсти 32 бебиња, вклучително и два близнака, во Систинската капела...

Штом полицаецот Џејсон Ли тоа го видел, потрчал низ ходникот и го зел бебето в раце.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Бебе се гушело, родителите панично влетале во полициска станица – полицаецот стана ХЕРОЈ!

Трогателно видео осамна на социјалните мрежи, експресноста и човечноста на полицискиот...