Во комуникација со албанските новинари, Рама од Виена додаде дека хуманитарниот став за иранската опозиција во Албанија е напишан и во договорот.

Објавил: Весна Петровска | 8 јануари, 2020 20:54

Иран ја прогаси Албанија за непријател, Еди Рама изјави: Ние сме во безбедни раце – Муџахедините се дел од хуманитарна операција

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

– Тоа е многу мала, но многу ѓаволска европска земја, каде американските елементи соработуваат со иранските предавници и планираат против Исламската Република. И планот што тие го имаа јасно се виде, со протестите што се одржуваа во Иран, бидејќи некои од тие предавници дојдоа во Иран да протестираат. Агентите на непријателот започнаа да го спроведуваат планот за саботажа, убивање и уништување на нашата влада и нашот Устав, изјавил Хамнеи,пренесува Топ чанел

Иранскиот духовен водач ја прогласи Албанија за непријател

Откако иранскиот духовен водач ја проглси Албанија за непријател, се огласи и Еди Рама.

Во комуникација со албанските новинари, Рама од Виена додаде дека хуманитарниот став за иранската опозиција во Албанија е напишан и во договорот.

-Како прво, ова е тема и прашање кои не се нови за нас во однос на Иран. Ние презедовме акција што е чест за Албанија, а е во продолжување на албанската традиција и продолжение на една стратешка алијанса со САД да ги отвори вратите за група луѓе чиј живот е во опасност. Како што пишува и во договорот, тие во Албанија се во рамки на хуманитарна, а не на политичка операција, рече Рама.

Додаде дека неговата земја не е изложена на потенцијална закана како резултат на иранско-американската конфронтација.

-Не верувам дека ова ја изложува Албанија на посебен начин и нема причина да веруваме во тоа, затоа што сме во постојан контакт со нашите сојузници и кога станува збор за тајните служби тие се без конкуренција. Ние сме во безбедни раце кога станува збор за добивање информации, рече Рама.

И поранешниот албански премиер, екс министер за одбрана, и актуелен прв човек на Министертвото за дијаспора, Пандели Мајко, смета дека Албанија не е загрозена од американско-иранскиот конфликт.

Гостувајќи во емисија на Топ чанел, Мајко рече дека прелевањето на конфликтот од Блискиот Исток во Европа ќе донесе проблеми за Иран.

-Прелевањето од Блискиот исток кон Европа носи повеќе проблеми за нив. Во Блискиот исток едно се мисли, а друго се прави, рече Мајко.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.